Француски Нобеловец кој го откри ХИВ вирусот, тврди дека „Ковид-19“ е создаден во лабораторија

By

Угледниот француски научник Лик Монтање, добитник на Нобеловата награда за медицина и човекот кој го пронајде ХИВ вирусот, тврди дека вирусот „Ковид-19“ го создал човекот и дека коронавирусот побегнал од лабораторија и избегал од контрола, раширувајќи се низ целиот свет.

Монтање тврдењето го изнесе во телевизиската емисија „Ц-њуз“. Научникот кој се прослави со откритието на ХИВ вирусот, во Франција ужива голема доверба, како меѓу граѓаните, така и во научната заедница. Сите сметаат дека неговите зборови тежат и дека се уверливи.

Тој вели дека „Ковид-19“ не настанал во природата, туку е производ на човекот, поточно тој е химера, една половина е природна, а другата е интервенција на човекот. „Ковид-19“ почнал како вирус кај лилјаците, кој подоцна е користен најверојатно во потрага за лек против сидата.

Веројатно во лабораторијата се случила кобна грешка, по што „Ковид-19“ успеал да избега од таму. Францускиот научник напоменува дека Американците и Кинезите заеднички учествувале во пронаоѓањето за лек за сидата.

Инаку Монтање за себе вели дека не верува во теории на заговор и дека својот прст не го посочува кон никого, но смета дека ова е дело на човекот. Коронавирусот е настанат откако секвенца од вирусот ХИВ е вбризган во коронавирусот. Во продолжение погледнете ја снимката од неговото гостување на француската телевизија.

 

Ќе ви се допадне