Генералите на Доналд Трамп сметаат дека во Бејрут е извршен напад со бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјавил дека генералите на американската војска му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која настрадале повеќе од 78 луѓе, е предизвика од некаков вид бомба.

„Се сретнав со некои од нашите големи генерали и тие мислат дека тоа не беше настан предизвикан од некаква фабричка експлозија. Тие сметаат дека во прашање е напад. Тоа беше некаков вид бомба“, изјавил Трамп, а пренесува агенцијата „Асошиетед прес“.

Повеќе либански официјални лица претходно изјавиле дека експлозијата во магацинот во бејрутското пристаниште, најверојатно, е предизвикана од 2.750 тони амонијак, кои повеќе години биле складирани на тоа место, а притоа биле преземени само минимални безбедносни мерки.

Scroll to Top