Германски експерти откриле траги од отров во крвта, кожата и урината кај Алексеј Навални

Германски експерти тврдат дека во крвта на најголемиот руски опозиционер, Алексеј Навални, откриле траги од отров од групата новичок. Тие тврдат дека трагите ги откриле во неговата крв, на кожата и во урината, објави германскиот магазин „Шпигел“, повикувајќи се на свои извори.

Тие додаваат дека отров е пронајден и на шишето кое Навални го имал кај себе во авионот. Покрај Навални, од него пишел уште еден роднина на рускиот блогер.

Експертите претпоставуваат дека Навални веднаш откако бил отруен, се напил вода. Според наводите на германскиот магазин, анализата ја направиле од Институтот за фармакологија и токсикологија Бундесвер во Минхен.

Резултатите се претставени неодамна на состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел, министрите за надворешни работи, одбрана и внатрешни работи, како и други официални лица.

Експертите од Институтот Бундесвер, ги претставиле резултатите, велејќи дека нема сомнение дека отровот е од групата новичок.

За потсетување, германската влада, повикувајќи се на лабораторијата „Бундесвер“, соопштила дека рускиот опозиционер е отруен со супстанца од групата на хемискиот воен отров новичок.

Scroll to Top