Германски виролог ги побива сите теории на заговор за коронавирусот

Еден од најпознатите германски експерти по прашањето на коронавирусот, професорот Хендрик Штрек, ги побива сите теории на заговор поврзани со коронавирусот.

Штрек, кој работи и како директор во Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника во Бон, смета дека тезите дека коронавирусот не е опасен се погрешни.

„Во јавноста се шират теории дека коронавирусот воопшто не е опасен, дека опасноста ја надувуваат медиумите, политичарите и научниците. Тоа не е вистина“, вели Штрек.

Тој ги побива сите теории што се шират од одредени заговорници, дека фармацевтската индустрија, преку коронавирусот, сака само да заработи повеќе пари. Многу теоретичари сметаат дека вирусот не може да им наштети на младите луѓе. Многумина се и против вакцинирањето.

„Сите досега спроведени студии, како оние во САД, недвосмислено покажуваат дека смртноста од коронавирусот дефинитивно е поголема од обичниот грип“, вели Штрек.

„Ние во округот Хајнсберг (едно од првите жаришта на пандемија во Германија) научивме дека коронавирусот е најмалку четири пати поопасен од сезонскиот грип. Сепак, треба да се земе  предвид на кој дел од популацијата се прават тестовите. Тоа е вирус кој мора сериозно да се сфати, но сепак не треба премногу да се драматизира“, вели Штрек.

Тој објаснува дека политичарите и медиумите секојдневно изнесуваат драматични податоци за бројот на заразени.

„Во последно време во Германија имаше голем број протести против мерките донсесени за заштита од коронавирусот. Но, по одржувањето на истите, не дојде до зголемување на бројот на заразени луѓе. Затоа е тешко да се заклучи дали луѓето кои беа на протестите во Берлин се вратија во своите градови и заразија голем дел од тамошното население. Полесно ќе се извлече заклучок, ако сите демонстранти доаѓаат од ист град“, вели Штрек.

„Теориите дека вакцините се многу опасни и дека ја напаѓаат нашата ДНК и дека ѝ служат само на фармацевтската индустрија за да заработи повеќе се неточни. Вакцината не ги напаѓа гените, односно нашата ДНК. РНК-вакцината делува така што генерира протеини од нив, ние  ги немаме овие ензими. Тоа го можат само некои ретровируси. Затао една вакцина не може да влијае на нашата ДНК“, вели Штрек.

Фармацевтската индустрија заработува на вакцините, но она што годишно здравственото осигурување го троши на вакцината е само 0,3„ од вкупното трошење на лекови. Оттука буџетот за вакцина е мал. Покрај тоа, фармацевтската индустија мора да заработи на вакцината, затоа што во спротивно нема да може да истражува, објаснува Штрек.

Штрек ги негира тврдењата дека вирусот досега мутирал толку пати што вакцината воопшто не може да помогне, како што тоа е случај со грипот. Заговорниците сметаат дека секоја година треба да се вакцинираме против новиот вид.

„Такво нешто не може да се тврди. Вирусот мутира, но не така силно како кај обичниот грип. Дали би требало да се вакцинираме на крајот на секоја година е нешто што сега не можеме да кажеме, затоа што сè уште немаме направено вакцина.

Многумина сметаат дека мерките против коронавирусот се претерани. Многумина велат дека си ја бараат својата слобода назад. Штрек вели дека мерките како што се носењето маски и држењето  растојание и миењето на раце помагаат во спречување на инфекцијата.

Покрај тоа, овие мерки придонесуваат за значително помал број заразени со вирусот. Исто така, и симптомите во таквите случаи се многу послаби. Дозата на вирусот е пресуда, вели Штрек. Тој тврди дека овие мерки придонесуваат за ублажување на болеста.

Штрек негира дека вирусот е создаден во лабораторија во кинескиот град Вухан и дека истиот е намерно пуштен.

„Малку е веројатно дека овој вирус настанал во лабораторија. Такво нешто, колку што сум јас запознат, не е направено. Создавањета нов вирус е премногу опасно. Од друга страна, потеклото на вирусот не може да се утврди. Тој нема гени кои инаку се наоѓаат во природата“, вели Штрек.

Тој вели дека лабораториите како оние во Кина содржат бројни безбедносни брани во повеќе простории низ кои вирусите или бактериите воопшто не можат да поминат.

Штрек објаснува и дека статистички гледано, младите луѓе навистина заболуваат од благи симптоми и често минуваат без никакви симптоми.

Но, се случува и тие да се разболат и да имаат потешки симптоми, па дури се јавуваат и случаи на смрт. Штрек вели дека има пријавено и такви случаи.

Scroll to Top