Ги молела да ѝ го остават синот на мира, во Макрон се заљубила и ќерката на Бриџит

By

Мајката на францускиот претседател Емануел Макрон ги молела сега прата дама на Франција Бриџит Макрон и нејзината ќерка да го остават нејзиниот син на мира. Францускиот претседател ја запознал својата сегашна сопруга на 15 годишна возраст. Таа од него е постара 24 години.

Макрон бил и во истиот клас со ќерката на Бриџит, Лурон Озиер, која во тој период била заљубена во него. Ова го открива нејзината помлада сестра Тифен Озиер во документарецот „Бриџит Макрон: Француска новела“.

Лурон открива дека Макрон често доаѓал во домот на Бриџит, каде му предавала француски јазик и му држела часови по глума.

„Нема да се ослободиш од мене така лесно. Ќе се вратам по тебе и ќе те оженам. Ќе имаме три деца“, и кажал Макрон тогаш на својата учителка Бриџит.Претседателот го исполнил своето ветување кое го дал во 2007 година, а претходно оваа двојка била 10 години во врска. Родителите на Макрон кои биле прилично либерални, на секој начин се обидувале да го одвратат од идејата да ја земе Бриџит за жена.

Мајката на Макрон дури и закажала состанок со Бриџит, на кој ја замолила да го остави на мира, барем додека не наполни 18 години, пишуваат светските медиуми.

„Не можам да ви ветам ништо“, и кажала тогаш Бриџит на мајката на Макрон.

Бриџит го напуштила сопругот, со кого во тоа време имала три деца и ја почнала врската со својот поранешен ученик. Се венчале во 2007 година. Ан Фулда, авторка на книгата за издигнувањето на Макрон, вели дека необичната љубовна приказна открива многу повеќе за одлучноста на Макрон и верувањето во себе.

Со години двојката избегнувале да се појават во јавноста, но до суптилна промена дошло кога Макрон ја почнал својата претседателска кандидатура.

„Тој сака на луѓето да им стави до знаење дека ако може да заведе жена која е 24 години постара од него, е мајка на три деца која живее во мал провинцијален град и покрај смеењето и гледањето сеир од луѓето, може на ист начин да ја освои и власта во Франција“, вели Фулда.

„Еманул беше поинаков од сите нас“, вели Антоанета Маргет, девојка која била во истиот клас со францускиот претседател.

„Уште како мал беше брилијантно момче. Читаше француска литература, пишуваше песни и романи за шпанските конвистадори. Тој беше поинаков од сите нас“, вели Антоанета.

„Додека другите деца воглавно гледаа телевизија, Макрон читаше. Тој со наставниците на некој начин беа еднкави. Уште во тоа време неговата професорка Бриџит го гледала со поинакви очи“, вели Маргет.

Еден ден по последната година како професорка, Макрон добил идеја тој и Бриџит заедно да напишат нешто.

„Мислев дека ќе му здосадам. Не мислев дека ќе можам да го задржам. Пишувавме заедно и тотално ме освои со неговата интелегенција“, изјавила Бриџит за светските медиуми, опишувајќи како започнала нивната романса.

„Поминувавме со часови на телефон. Малку по малку ме освои на неверојатен начин. Беше многу трпелив“, вели Бриџит.

Таа вели дека го запознала Емануел кога претседателот имал само 15 години. Бил ученик во приватно школо, каде таа му била учителка. Не се знае кога точно почнала нивната романса, но бидејќи набрзо по појавувањето на Емануела, Бриџит заминала да работи во друго елитно школо.

Некои заговорници велат дека таа си заминала за да побегне од своите чувства.

„Нема да се ослободиш од мене така лесно. Ќе се вратам по тебе и ќе те оженам. Ќе имаме три деца“, ѝ кажал Макрон на неговата учителка Бриџит.

Ќе ви се допадне