Гласачите на Доналд Трамп не му веруваат на Бил Гејтс и неговите вакцини

By

Гласачите на американскиот претседател Доналд Трамп, не му веруваат на основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во неговите изјави за коронавирусот и вакцините со кои планира да ја искорени оваа болест. Многумина сметаат дека ваквата вакцина е поврзана и би можела да се користи при чипувањето на светското население, пишува „Курир.рс“.

Борбата против дезинформациите и теории на заговор за новиот коронавирус, беше речиси толку тешка како и борбата против самата пандемија. Ново истражување покажува дека постои една теорија на заговор и за американскиот милијардер, Бил Гејтс.

Теоријата на заговор дека Гејтс планира да ја користи идната вакцина против „Ковид-19“, за имплантација на микрочипови кај милиони луѓе, со цел да ги следи нивните движења, стекна голем број поддржувачи, особено меѓу гледачите на „Фокс њуз“ и републиканците, покажало ваквото истражување.

Репрезентативното истражување на YouCov-а za 1640 возрасни слица во Америка, за „јаху њуз“, открива дека половина од Американците кои велат дека „Фокс њуз“ е нивниот основен извор на вести на телевизија, веруваат во теорија на заговор.

Тоа е најголемата група која одговорила на ваков начин, а следуваат самоопишаните републиканци и гласачи за Доналд Трамп во 2016 година. 44% од двете групи изјавиле дека веруваат дека оваа теорија на заговор е точна. 26% од испитаниците републиканци, изјавиле дека тоа е лага, а 31% изјавиле дека не се сигурни.

Претставниците на „Фокс њуз“, Републиканската партија, Белата куќа и кампањата на Трамп во 2020 година, не одговориле веднаш на барањата за коментарите.

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, која основачите ја користат за финансирање на медицински истражувања и програми на вакцинација ширум светот, исто така не одговориле веднаш на барањето за коментар.

Налозите на анкетите подвлекуваат ниво на кое теориите на заговор ја надминуваат репутацијата на јавноста за коронавирусот. Вирусот, кој зарази 1,6 милиони луѓе во Америка и усмрти 96.000 Американци, го прекина секојдневниот живот откако за првпат беше откриен во декември минатата година.

Владата ширум светот им наложи на граѓаните да се изолираат и да се засолнат во обидите да се спречи ширењето на вирусот и да се намалат оптеретувањата во болниците и мртовечниците.

Како што луѓето се прилагодуваат на овие напори, така почнале да се читаат и да се шират теории на заговор за коронавирусот. Таквите теории ги обработуваат сите луѓе со политички амбиции, кои се вклучени во одговорот за тоа дали коронавирусот е смртоносен, како што владите и здравствените агенции известуваат за тоа.

Исто така обработуваат и од каде вирусот потекнува, дали е вистина како што велат некои експерти, дека вирусот потекнува од диви животни. Така многумина погрешно веруваат дека 5Г мрежата има важна улога во ширењето на коронавирусот, па поради него, некои луѓе уништија речиси 80 мобилни кули во Велика Британија.

Од „Фејсбук“, „Твитер“ и „Јутјуб“, изјавиле дека реагираат на постовите на заговор, додавајќи врска до повеќе информации и во некои случаи ја повлекувале содржината, за која компаниите верувале дека би можела да доведе до тоа да луѓето несвесно си нанесат самите себе си штета.

Гејтс стана центар на внимание меѓу теоретичарите на заговор, дел и поради своите големи напори да ги вакцинира луѓето ширум светот, како и поради неговите медиумски настапи во последните неколку месеци. Тој ја критикуваше реакцијата на владата за кризата, како што во март објави во „Вашингтон пост“.

„Нема сомнение дека САД ја пропуштија можноста да се изборат со новиот вирус корона“, напишал во неговата колумна, објавена на 31. март.

„Изборите кои ние и нашите лидери ги носиме, сега ќе имаат огромно влијание на тоа колку брзо ќе почне бројката на заразени да паѓа, колку долго економијата ќе остане згасната и колку Американците ќе мораат да ги погребаат своите сакани поради „Ковид-19“.

Една анализа која во април ја направиле „Њујорк Тајмс“ и медиумскиот набљудувач „Сигна Лабс“, открила дека дезинформациите за Гејтс биле најраспространети од сите невстини за коронавирусот.

Истражувањата од мај не откриле дека сите верувале во теории на заговор. 45% биле независни, 52% биле демократи и 63% од луѓето кои гласале за Хилари Клинтон во 2016 година, изјавиле дека не веруваат во теориите на заговор за Бил Гејтс и неговите вакцини.

Истата анкета исто така открила дека само половина од Американците, се изјасниле дека имаат намера да се вакцинираат, ако и кога вакцината против коронавирусот стане достапна. 23% од луѓето велат дека не сакаат да се вакцинираат, а 27% велат дека не се сигурни.

Извор/Курир.рс

Ќе ви се допадне