Го пренасочив авионот за да заштитам животи, рече Лукашенко и го обвини уапсениот новинар дека планирал крваво востание

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко пред пратениците изјавил дека бил принден да го приземји авионо кој летал од Атина за Литваинја, а во кој се наоѓале дисидентскиот новинар Роман Протасевиќ и неговата девојка, откако службите добиле дојава за бомба.

Тој вели дека не ги прекршил законите и дека немал никаква намера да го киднапира авионот, како што го обвинија западните земји, туку сакал да ги заштити животите на патниците, откако властите ја добиле дојавата од Швајцарија.

Лукашенко вели дека постапил законски кога во неделата го пренасочил авионот на „Рајанер“ додека бил во нивниот воздушен простор.

„Сакав да ги заштитам животите на патниците. Апсолутна лага е дека белоруски борбен авион го принудил авионот да слета. Делував законски за да заштитам животи“, изјавил Лукашенко.

Западните земји претходно го обвинија Лукашенко дека го киднапирал авионот кој летал од Атина за Литванија, во кој меѓу 126-те патници беа и дисидентскиот новинар Роман Протасевич и неговата девојка, кои беа уапсени веднаш по слетувањето во Минск.

Тој го обвини Протасевич дека планирал да почне крваво востание. И 26-годишниот Протасевич и неговата девојка Софија Сапега, која е Русинка, дале изјави во кои ги признаваат криминалните дела за кои ги обвинува Белорусија, вклучувајќи поттикнување на масовни нереди.

Нивните родители и западните земји веруваат дека тоа било изнудено. Лукашенко ги обвини западните сили дека ѝ мислат лошо на Белорусија и дека сакаат да ја задават.

„Нападите на Белорусија ја преминаа црвената линија. Како што предвидовме, домашните и надворешните непријатели ги променија своите методи на напаѓање и ги преминаа границите на здравиот разум и човечката моралност“, рече тој.

И додека Европската Унија воведе нови санкции за Белорусија, тамошната опозиција најави дека планира нова серија на антивладини протести.

Scroll to Top