Голема комета се движи кон нашиот Сончев систем, од НАСА предупредија за потенцијална закана за Земјата

Од НАСА предупредија на потенцијална закана за Земјата, откако забележале голема комета како се доближува во нашиот Сончев систем. Кометитата била со големина од околу 80 милји и е 50 пати поголемо од срцето на повеќето комети познати за човештвото.

Исто така се смета дека има маса од околу 500 трилиони тони, односно 100.000 пати е помасовна од обична комета која била видена поблиску до Сонцето, пренесува „Индепендент“.

Кометата со име C/2014 UN271 Бернардинели-Бернштајн, се движи со огромна брзина. Таа патува со 22.000 милји на час и се движи од работ на Сончевиот систем кон неговиот центар.

Од НАСА иако велат дека кометата би можела да претставува закана, засега сме безбедни. Кометата нема да се приближи поблиску од милијарда милји од Сонцето далечина од прилика колку што е оддалечена планетата Сатурн. Тоа нема да се случи до 2031 година, велат од НАСА.

Кометата била забележана уште во ноември 2010 година и во тој момент била на 3 милијарди милји од Сонцето или растојание до Нептун. Оттогаш, истражувачите сакаат да дознаат повеќе за неа користејќи телескопи и во вселената и на Земјата.

Scroll to Top