Горбачов открива голема невистина во серијата на HBO „Чернобил“

Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов изјавил дека настаните претставени во мини серијата „Чернобил“ проект на HBO, не одговараат на целосната реалност. Горбачов ваквата изјава ја дал во интервју за радио станицата „Говори Москва“.

Според прикажаното од телевизиската серија, кариерата на Валериј Легасов, научникот и член на комисијата задолжена за истражување на причините и последиците од несреќата во Чернобил, е завршена откако ја претставил својата верзија за катастрофата.

Покрај тоа, Легасов ги открил тајните информации на конференцијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), одржана во Виена во 1986 година. Според некои истражувања, Горбачов лично го лишил Легасов од титулата „херој на социјалистичкиот труд“, а по негоиот говор во IAEA, кариерата на научникот била завршена.

Горбачов ја негирал оваа теорија.

„Не сум дал такви упатства, а освен мене, кој друг би ги дал? Тоа е чиста фикција“, изјавил Горбачов.

Мини серијата „Чернобил, која се состои од пет епизоди, ја опишува катастрофата на нуклеарната електрна во Чернобил, која се случила на 26 април, 1986 година. Катастрофата ги земала животите на илјадници луѓе на директен и индиректен начин.

Градот Припјат, во кој се наоѓа електраната, е целосно напуштен до ден денес поради големата изложеност на радијација.

 

 

.

Scroll to Top