Градоначалникот на Сеул сексуално ја злоупотребувал секретарката, па извршил самоубиство

By

Полицијата во Јужна Кореја верува дека сега веќе поранешниот градоначалник на Сеул, Парк Вон-сун, извршил самоубиство, затоа што не можел да живее со гризењето на совеста. Само еден ден по неговата смрт, неговата секретарка го пријавила во полиција.

Таа го обвинила Парк дека сексуално ја искористувал четири години додека работела за него. Таа вели дека Парк ѝ испраќал фотографии од него во долна облека и дека ја повикувал во неговата соба и канцеларија, каде што ја искористувал.

Таа побарала заштита од одговорните во градското собрание, но нејзините обвинувања биле игнорирани. Таа додала дека злоупотребата продолжила и откако го променила работното место. Тамошните медиуми пренесуваат дека таа била шокирана кога дознала за смртта на Парк.

И самиот Парк во своето проштално писмо им се извинил на сите, особено на неговото семејство, за кое вели дека му нанел само болка.

Парк бил омилен градоначалник меѓу народот и двапати бил биран за прв човек на градските власти во Сеул. Претходно работел како адвокат по прашањата за човекови права и бил активен во организациите на цивилното општество.

Либералите го гледале како потенцијален кандидат на претседателските избори во 2022 година. Неговото тело било пронајдено во шума на северот на Сеул минатиот четврток, откако семејството го пријавила за исчезнат.

Сеул прогласи петдневна жалост за 64-годишниот градоначалник, а пред градското собрание голем број граѓани се простуваа од него.

Откако во јавноста излегоа обвинувањата за злоупотреба, во понеделникот 500.000 луѓе потпишаа петиција со која се бараат да се откаже оддавањето почест на Парк.

 

Ќе ви се допадне