Хакери се заканија дека ќе откријат кој стои зад нападот на 11 септември 2001 година

Светската хакерска група Dark Overlord која е формирана во 2016 година, во понеделникот преку социјалните мрежи и се закани на американската јавност дека ќе открие илјадници тајни документи од осигурителни куќи и владини агенции, кои ја откриваат тајната за рушењето на кулите близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година.

За тајните документи кои откриваат кој навистина стои зад терористичкиот напад во 2001 година, тие бараат одредена сума во биткоини. Секој кој е загрижен дека неговото име би можело да се најде на овие документи, хакерската група му понудила да плати откуп во биткоини, затоа што во спротивност ќе се соочи со последиците.

Објавиле и тризер видео, во кое може да се видат писмата, мејловите и неколку документи, во кои се споменуваат адвокатски фирми, Управата за безбедност и сообраќај и Сојузната управа за авијација. Хакерите велат дека во иднина имаат во план да објават уште поголем број документи, доколку не им се исполнат барањата.

Групата која покрај тоа што е позната по хакирање на медицински центри, исто така во јавноста ја знаат и како група која досега има хакирано над илјадници компании и клиники. Тие сега објавиле линк на кој се наоѓаат доверливите документи поврзани со трагедијата која се случила на почетокот на новиот милениум во САД.

Хакерите велат дека ќе ги откријат сите фајлови доколку не им се исполнат нивните барања. Своите барања тие ги навеле во пост на социјалните мрежи во понеделникот. Хакерите тврдат дека во документите ја пишува вистината за тоа што навистина се случило во овој терористички напад.

На американските служби им е добро позната оваа хакерска група и оттаму велат дека секој пат кога јавно ќе се појавела, од своите жртви таа барала да им биде исплатена одредена сума на пари, за да можат жртвите да си ги повратат податоците.

Scroll to Top