Хакери се збогатиле за 100.000 долари, од „Твитер“ се огласија по нападот

Компанијата „Твитер“ преку соопштение до јавноста објасни дека во нападот што се случи неделава група хакери успеале да пробијат околу 130 налози на твитер-корисници, меѓу кои биле и профили на бројни познати личности и организации.

Според моментално достапните податоци кои ги имаат, преку овој напад хакерите успеале да соберат повеќе од 100.000 долари на криптовалути.

Хакерите успеале да влезат во внатрешните системи на „Твитер“ за да дојдат до налозите на познатите личности, меѓу кои и на американскиот претседателски кандидат Џо Бајден, старлетата Ким Кардашијан, поранешниот претседател Барак Обама, милионерот Илон Маск и многу други.

Тие барале донација во дигитална валута биткоин, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението на „Твитер“ е наведено дека хакерите успеале да ја преземат контролата над малото подмножество на насочени сметки и од нив испраќале твитови.

Компанијата додала дека ќе продолжи да проценува дали напаѓачите ќе можат во иднина да пристапат до приватните податоци. Во истрагата се вмешале и од Федералното истражно биро на САД (ФБИ)

Scroll to Top