Хрват под лажно име играл во дресот на Реал Мадрид

By

Игор Јовичевиќ, сегашниот тренер на Динамо Загреб, во деведесетите години откри дека под лажно име го носел дресот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид. По отказот на Ненад Бјелица, Јовичевиќ од хрватскиот клуб, на клупата го поставија Јовичевиќ, кој откри дека во почетокот на 90-те не успеал да се избори за место во Реал.

Тоа била една од главните теми за време на неговото интервју за шпанскиот весник „Ас“, кој во воведот напишал дека пред Лука Модриќ, уште двајца Хрвати и играчи од средниот ред, го носеле дресот на кралскиот клуб. Станува збор за Роберт Просинечки и Игор Јовичевиќ, кој по потекло од страната на татко му, влече корени од Црна Гора.

„Првиот се мачеше со повредите, а вториот има приказна која наликува на шпионски филмови. Игор, тајно потпиша договор и поради клаузулата, не му беше дозволено од Б екипата, да заигра за првиот тим. Сега, Игор го живее својот сон, новиот тренер на Динамо Загреб“, пишува „Ас“.

Јовичевиќ како тинејџер бил голема надеж за Динамо Загреб и бил прогласен за новиот Ѕвонимир Бобан. Како 17 годишен играч, стигнал од школата на Динамо, во Реал Мадрид. Сегашниот тренер на Динамо, открил дека на неговиот трансфер во „кралскиот клуб“, кумувала и случајната средба на неодмна починатиот Радомир Антиќ.

„Имав 17 години. Подоцна Висенте дел Боске ми рече дека ме следеле долго време. Во тоа време играв и во Еуро-17 и бевме вицешампиони, а јас бев прогласен за најдобар играч на турнирот. Имав неколку понуди, и бев во Верона за да го завршам трансферот во италијанскиот клуб. Во хотелот видов група на луѓе и го препознав Радомир Антиќ. Беа тоа луѓе од Реал Мадрид, тим кој учествуваше на некаков турнир таму“, изјави Јовичевиќ и додал.

„Го познавав Просинечки, па разговарав со него. Разговарав и со Антиќ и потпретседателот Запата. Ми предложија да се вратам со нив во Шпанија. Заминав со нив и одиграв неколку натпревари под друго име. Ме криеја во хотелот, додека еден новинар не ме откри. На крајот потпишав договор на пет години“, открива Јовичевиќ.

Трансферот во Реал Мадрид е остварување на сонот за секој фудбалер, па тоа беше и случај со Јовичевиќ, кого не го интересирале премногу деталите околу договорот. Но, се испостави на крајот дека трансферот беше голема грешка. По преминот во Реал Мадрид, тој играше за Б тимот, заедно со Раул и Гути. Тој очекувал дека и тој од екипата предводена од Рафаел Бенитез, ќе биде прекомандуван во првиот тим. Но, непремостива пречка била една од клаузулите во неговиот договор, според која, во случај Јовичевиќ да одигра само една минута за првиот тим, по автоматизам, договорот мора да му биде вреден, пет милиони долари.

„Имав само 17 години и не знаев што пишува во договорот. Беше тоа работа на менаџерите. Јас играв пријателски натпревар кај Бенита, Флора или Валдан. Дури на заминување, дознав дека имам клаузула која вели дека ако заиграм за првата екипа, клубот ќе мора да плати огромни пари и да ми даде нов договор. Тоа беше голема пречка за мене. Но, тоа беа други времиња. Само три странци можеа да играат во таа доба, а тука беа Хаџи и ландруп. Од Шпанците би ги издвоил Гути и Раул. Гути беше генијалец. Тој фудбалот го гледаше поинаку од другите. Тоа се гледа и сега во Алмерија, каде седи на тренерската клупа. Секогаш ќе ти каже што мисли во лице. Го сакам тоа кај тренерите. Ќе успее и тој и Раул“, изјавил Јовичевиќ.

Игор се осврна и на престојот на Роберт Просинечки во Реал Мадрид.

„Постојано го форсираа да се врати по повредата, па затоа постојано ја обновуваше истата повреда. Сакаше да покаже дека вреди. Можам да кажам дека Просинечки многу патеше, но беше одличен фудбалер и добар пријател“, изјавил Јовичевиќ.

Ќе ви се допадне