И покрај санкциите од ЕУ, руските милијардери уште повеќе се збогатија со војната во Украина

И покрај санкциите кои Западот им ги воведе на руските олигарси, богатство нивно годинава уште повеќе се зголеми. Сега најголемата земја во светот сега има 110 милијардери, објави „Форбс“.

Најбогатите Руси заработија дополнителни 152 милијарди долари годинава, што поради високите цени од природните ресуси, што од опоравувањето од првичните губитоци по почетокот на војната во Украина, објави руски „Форбс“, а пренесе „Ројтерс“.

Русија има 110 милијрдери, што е за 22 повеќе од минатата година, пренесе магазинот. Додаде и дека нивното вкупно богатство од 353 милијарди се зголеми на 505 милијарди долари.

Се откажале од пасошите

Листата е голема, а на неа повеќе ги нема петмината милијардери, основачот на DST global, Јуриј Милнер, основачот на „Револт“, Николај Сротонски, основачот на Fridom fajnens, Тимур Турлова и коосновачите на Jet brejns, Сергеј Дмитри и Валентин Кијатков.

Нив ги нема затоа што се откааа од руското државјанство.

„На резултатите влијаеја и апокалиптичните предвидувања за руската економија“, наведе „Форбс“, потсетувајќи дека богатството на руските милијардери пред почетокот на војната, во 2021 година, сепак било поголемо и изнесувало 606 милијарди долари.

Откако рускиот претседател Владимир Путин, на 24 февруари, нареди специјална воена операција во Украина, Западот на Москва и воведе санкции, за кои е речено дека се најстроги во новата историја.

Путин рече дека Западот се обидува да ја уништи Русија, но дека нивните санкции се неуспешни. Руската економија, како што наведе Русија, ослабела за 2,1% поради санкциите, но успеала да продаде многу од нивните ресурси на Кина, Индија и блискоистичниот пазар.

Цената на нафтата, која е крвтокот на руската економија, како што наведува „Ројтерс“, е скокната на 69 долари по барел во 2021 гоидна и на 76,09 долари по барел во 2022 година. Освен тоа скокна и цената на ѓубривата. Андреј Мељиченко, кој е српски зет и е оженет со бившата мисица Сандра Мељинченко, е најбогатиот Русин на оваа листа. Неговото богатство е зголемено за двапати во однос на минатата година.

На второто место е Владимир Потанин, претседателот на производство на челик, Nornikel GMKN.MM, со 23,7 милијарди долари, додека на третото место е Владимир Лисин, кој го контролира Nornikel GMK.MM, со 22,1 милијарди долари. Минатата година Лисин беше на првото место.

Сè поголеми проблеми

„Санкциите кои Русија и ги воведе на САД, ЕУ и другите земји кои се противеа на војната во Украина, веќе и нанесоа штета на руската економија и ќе продолжат да ја еродираат. Русија е деветта по големина економија во светот и главен снабдувач на енергија и други суровини, така што верувањето дека санкциите срушат Руската економија и ќе ја принудат да ја прекине војната е погрешно.

Руската економија е во подобра состојба отколку што се предвидуваше во пролетта 2022 година. Сепак, ќе страда поради слабиот раст, а санкциите ќе ги влошат постоечките проблеми како слабото производство и недостигот на работна сила.

Мобилизацијата го намали бројот на работници, а емиграцијата достигна рекордно ниво. Дури 1,3 милиони луѓе ја напуштиле земјата во 2022 година, е наведено во анализата на Елина Рибакова од Институтот за меѓународна економија Петерсон (PIIE).

Финансиерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, рече дека синот на Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, се борел во неговата приватна војска на фронтот во Украина.

„Од сите мои познаници, само еден човек, Дмитриј Песков, кој има репутација на целосен либерал, ме праша за неговиот син, кој дел од животот поминал во Америка или можеби Англија. Дојде и ме праша: „Зошто не го земете како обичен артилериец?“. Служеше како и сите други. Како обичен артилериец на „ураган“, до колена во кал. Малкумина знаат за тоа“, рече Пригожин, а пренесоа светските медиуми.

Како што пренесе порталот „Медуза“, Пригожин не е именувал синот на Песков, но алудирал на Николај, кој го земал неговото презиме, иако Дмитри Песков му е татко, а живеел во Британија 10 години, каде бил и во затвор.

Порталот потсетува дека соработникот на Алексеј Навални, Дмитри Низовцев, во септември минатата година, кога е објавена мобилизацијата, го повикал Николај Песков и го претставил како регрутер, а овој на сите начини се обидел да го избегне повикот во војска повикувајќи се на неговиот татко.

 

Scroll to Top