Илон Маск му го избриша твитер-профилот на студентот што му го следеше авионот и тврди дека го следел и син му

Новиот сопственик на „Твитер“, Илон Маск, во средата ги избриша сите профили на кои можат да се следат локациите на сите приватни авиони во светот, а меѓу нив е и на студентот од Флорида, дваесетгодишниот Џек Свини.

Маск уште претходно го обвини Свини дека сакајќи да го следи целото време, случајно го прател и автомобилот со кој се возел неговиот син. Маск твитна дека Свини го прекршил новото правило на „Твитер“, doksing и дека со тоа открил негови лични податоци кои не се јавни.

Налогот на Свини, ElonJet, кој собра повеќе од половина милон следачи, во средата утрото беше на листата на суспендирани профили.

Подоцна во текот на денот беа суспендирани и сите профили кои ги следеа приватните авиони на генералниот директор на компанијата „Мета“, Марк Цукенберг и основачот на „Амазон“, Џеф Безос.

И личниот профил на Свини на „Твитер“ исто беше суспендиран во средата. Маск отиде и чекор понатаму и вечерта во средата рече дека ќе покрене и судска постапка против.

Маск тврди дека во вторникот вечерта во Лос Анџелес благодарение на Свини, автомобилот со кој се возел неговиот син бил следен и пресретнат од непознат сторител. Шерифот во округот на Лос Анџелес и портпаролот на полицијата, рекоа дека не можат да потврдат каков било извештај, без повеќе информации.

„Синоќа автомобилот во кој се возеше малиот Екс во Лос Анџелес, беше следен од прогонител. Мислеше дека сум јас, а откако го блокираше автомобилот се качи и на хауба. Се превземаат правни постапки против Свини и сите оние кои поддржуваат нанесување штета на моето семејство“, рече Маск, а објави и видео од моментот кога прогонувачот го пресретнал автомобилот.

Свини рече дека не добил никакво известување за каква било правна постапка, а последен пат кога нешто твитнал е на 12 декември.

„Не станува збор за синоќа, така што не разбирам како сето ова е поврзано. Сè што правам е ги земам нивните податоци и ги ставам на „Твитер“. Не работам ништо лошо и немав лоши намери“, рече Свини и додаде дека ова би можела да биде тактика на заплашување на Илон Маск.

Свини за „Њузвик“ рече дека не смета дека налогот е безбедносна закана и објасни дека податоците не се објавуваат во реално време.

Минатиот месец Маск рече дека ќе дозволи налогот ElonJet да постои и покрај тоа што постои ризик за неговата безбедност.

„Твитер“ има политика против споделување на нејавни информации за луѓето, но политиката не прецизираше ништо за информациите за „во живо“, пред средата, кога страницата неодамна беше ажурирана.

„Твитер“, исто така, ги ажурираше своите правила за поврзувањето со патиштата, вистинската физичка локација и други информации со кои се открива нечија локација и објави дека таквите објави претставуваат прекршување на информациите за приватност и медиумска политика.

Налогот Elon Jet за кратко беше повторно активиран во средата вечерта, што предивзика јавен интерес кај голем број следачи, но до вечерта повторно беше суспендиран. Останатите налози на социјалните мрежи, кои ги креираше Свини, следејќи го авионот на Маск, како „Инстаграм“ и „Телеграм“ се активни.

Твитер налогот за безбедност во средата вечерта ги објави промените на политиката и напомена дека е одлчено да се забранат објавите на локациите во живо, на други луѓе, поради зголемен ризик за физичка повреда.

„Сè уште можете да споделите сопствена локација во живо на „Твитер“. Твитовите кои споделуваат нечии стари, не од истиот ден, информации за лоакциите не се забранети со оваа политика“, е наведено на „Твитер“.

Специјализираните приемници можат да ја следат адресата на Меѓународната организација на цивилното воздухопловство на авионот, кога авионот е во лет. Формирана е и заедница на корисници на таквите приемници за следење на авионот ширум светот.

Свини за CNBC рече дека отворил налог на „Твитер“ во јуни 2020 година, затоа што бил обожавател на работата на Маск во неговите компании „Тесла“ и „Спејсикс“.

„Дури и сега, моето возило од сништата е дефинитивно ‘Тесла’“, рече Свини.

Иако Маск се пофали со посветеноста за слободата на говор, откако во октомври го купи „Твитер“ за 44 милијарди долари, вклучувајќи го и враќањето на налозите поврзани со движењата QAnonom и другите десничарски профили, тој интерно ги отстрани критичарите на неговата политика од компанијата.

Scroll to Top