Исчезна бразилската фудбалска ѕвезда Робињо

Поранешната фудбалска ѕвезда Робињо исчезна откако Министерството за внатрешни работи на Бразил издаде налог за негово апсење. Робињо е осуден на девет години затвор поради силување на девојка во Италија во 2013 година. Судот во Милано го осудеи на деветгодишна затворска казна.

Робињо во друштво на свои пријатели грубно ја силување девојката откако излегле од ноќен клуб. Италијанските власти не може да го пронајдат затоа што избега во Бразил.

Двете земји досега немаат договор за депортација на луѓе кои се осудени на затворска казна, па италијанските власти побараа да биде уапсен во Бразил и таму да ја отслужи затворската казна.

Бразилските власти го прифатија ова барање од Италија па беше издаден налог за негово апсење. Но досега не го нашле и не бил на домашната адреса. Полицијата го барала на уште неколку места, но засега нема никаква трага од него.

Бразилските медиуми пренесоа дека штом биде најден, Робињо ќе биде испорачан во бразилскиот затвор каде треба да мине девет години. За потсетување Робињо важеше за еден од најталентираните бразилски фудбалери. Кариерата ја почна во Сантос, а потоа премина во Реал Мадрид, а играше и за Манчестер сити, Милан, кинескиот Гуангжу, Атлетико Минеиро, Сиваспор и Басакшехир.

Во дресот на бразилската репрезентација одигра точно 100 меча во кои постигна 28 голови, во периодот од 2003 до 2017 година.

Scroll to Top