Исчезнал во 2011 година, по осум години Тимоти вели дека бил киднапиран

By

Тимоти Питцен, момчето кое во 2011 година исчезнало, по осум години било најдено како скита низ улиците во градот Њупорт, во државата Кентаки во САД. Жената која го нашла, вели дека кога го видела Тимоти тој бил слаб и имал модрици на целото тело. Тимоти на полицијата им соопштил дека бил киднапиран од страна на двајца мажи.

Четрнаесетгодишното момче на полицијата им се претсатвил како Тимоти, момчето кое исчезнало пред осум години по самоубиството на неговата мајка. Тој изјавил дека успеал да им избега на киднаперите, кои го држеле во мотел. Тимоти изјавил дека успеал да им избега и преку мостот да стигне во Кентаки.

Тој бил пронајден во Њупорт, место од другата страна на реката Охајо, на повеќе од 800 километри од местото каде последен пат е виден во мај во 2011 година. Сведоци инволвирани во случајот, на полицијата им кажале дека виделе уплашено и вознемирено момче како трча околу два часа, пред да запре една жена со кола и да ја замоли за помош.

„Стоеше пред мојот автомобил и ме праша дали можам да му помогнам. Ми кажа дека само сакал да стигне до дома. Ми кажа што му се случило, дека бил киднапиран и дека бил продаван на луѓе“, им кажала жената која го пронашла, на полициските службеници.

Кога полицијата пристигнала Тимоти им кажал за својота ситуација и ставил точка на осумгодишната агонија низ која минала неговото семејство. Во моментов се исчекуваат резултатите од ДНК тестот, за да се потврди неговиот идентитет. Тимот имал само шест години кога бил виден во аквапаркот во Висконсин на 12 мај 2011 година.

Претходниот ден, неговиот татко Џим Питцен, како и обично го оставил пред неговото основно школо во Аурора, во близина на Чикаго, во државата Илиноис. Тогаш негоата мајка Ејми (43) неочекувано го земала од школо, тврдејќи дека има итен случај во семејството. Ејми го однела Тимоти во зоолошка градина.

Потоа двајцата заминале во аквапарк во Калахари, каде преноќиле, а потоа посетиле уште еден аквапарк во Висконсин, во соседната држава. Безбедносните камери покажале дека момчето последен пат било видено во 10 часот. Полицијата ја пронашла неговата мајка, мртва во хотел оддалечен околу 160 километри во Илиноис.

Ејми оставила проштална порака во која навела дека нејзиниот син е под грижа на оние кои ќе го сакаат и додала дека никогаш нема да биде пронајден. Веднаш потоа следела потрага по момчето во три држави, но и покрај бројните апели низ медиумите, полицијата никогаш не успеала да најде никакви траги од Тимоти.

Сега полицијата е на пат кон Синсинати, за да утврдат дали момчето кое тврди дека е Тимоти е навистина тој. Досега еден од полицајците изјавил дека имале преку илјада различни дојави и наводни траги за момчето.

Тимоти, своите киднапери од кои успеал да побегне, на полицијата им ги опишал како двајца мажи, белци, кои личеле на билдери, го киднапирале со „форд СУВ“, со таблици од Висконсин.

Едниот од киднаперите имал црна кадрава коса, фармерки и тетоважи на пајак и мрежа на вратот. Другиот киднапер бил со понизок раст и имал тетоважа на змија на рацете.

Момчето на полицијата им рекло дека успеало да побегне од мотелот Red ruf in, но поради тоа што постојат повеќе ланци на хотели во истата област под тоа име, полицијата вели дека ќе мора да ги помине сите за да добие, релевантни информации за целиот случај.

Бабата на Тимоти Питзен изјавила дека семејството се надева дека станува збор за нивното исчезнато момче и вели дека секој ден се молат за конечно агонијата да заврши.

Извор: CBS Chikago Фото: Facebook

Ќе ви се допадне