Италијанскиот историчар Силвано Винчети, смета дека ја решил една од најголемите мистерии со портретот на Мона Лиза, на Да Винчи. Силвано смета дека го открил местото каде Мона Лиза била нацртана и дека го нашол мостот кој може да се забележи над нејзиното лево рамо.
Силвано тврди дека Мона Лиза била насликана на имотот на семејството Медичи, кој се наоѓал до мостот Ромито во градот Латерина. Експертите со векови се обидуваат да го лоцираат необичниот пејзаж во позадина на Мона Лиза, девојката за која се верува дека оригиналното име и е Лиза дел Џакондо.
Силвано со помош на модерна технологија ја идентификувал околината во позадина, а рече дека му помогнале и сочуваните документи од 1500-те години, пренесува LadBible. Во нив открил дека на имотот на семејството Медичи се наоѓа мостот Ромито ди Латерина.
Мостот се протега на реката Арно, во областа Арецо, провинција во Тоскана. Во тоа време бил постојано користен. Прегледувајќи ги записите, открил дека местото е и родниот град на Да Винчи, каде му служел, прво на кардиналот Чезаре Борџија, а потоа и на државникот од Фиренца, Пјеро Содерини.
Винчети користел и дрон со кој детално го истражил делот каде еден од сводовите на мостот постои и денес. Ја измерил ширината помеѓу бреговите на реката Арно и заклучил дека се потребни четири свода за да се премости. Токму тоа може да се види на сликата Мона Лиза.
„Во периодот меѓу 1501 и 1503 година, мостот функционирал и бил многу фреквентен, како што покажува документот за состојбата на имотот на семејството Медичи“, рече Силвано.
Други истражувачи ги истакнуваат нивните кандидати, а се спомнуваат мостот Понте Буриано во близина на Латерина и Понте Бобио кај Пјаченца, но бројот на сводовите на овие мостови не се совпаѓал.
Винчети нагласи дека до мостот целата сценографија одговара на пејзажот во позадината на Мона Лиза.