Италијанскиот министер Салвини избегнал атентат организиран од поранешен агент на КГБ

By

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини изјавил дека група на украински неонацисти се уапсени поради поседување на цел арсенал на оружје, со кое сакале да го убијат.

„Тоа беше една од многуте закани за смрт кои ги добивам секој ден. Тајната служба ме извести за украинска група која планирала атентат врз мене. Драго ми е што тоа допринесе да се пронајде арсеналот на оружје на некои лудаци“, изјавил Салвини, кој во јавноста е познат по своите силни проруски ставови, пренесува „Анса“.

Италијанската полиција вчера привела тројца мажи, меѓу кои и еден кој е поврзан со неофашистичкиата политичка партија, по што биле откриени големи колични на оружје, вклучувајќи и ракети воздух-воздух, со француско производство, како и материјал со нацистички симболи.

Полицијата соопштила дека откритието е резултат на претходна истрага на Италијанските, кои учествувале во војна против источна Украина.

Италијанската полиција и обвинителството соопштиле дека информацијата за постоење на заговор да се изведе атентат над Салвини, потекнала од поранешен агент на КГБ, но за тоа не се пронајдени докази.

Во соопштението е наведено дека до откривањето на обидот за продажба на ракетите воздух-воздух дошло благодарение на надгледувањето на петмина Италијанци, поранешни полицајци блиски до неонацистичкиот Азовски баталјон.

Од катарското министерство за надворешни работи, за „Ројтерс“ изјавиле дека ракетите со француско производство, некогаш биле во посед на војската на оваа земја и дека пред 25 години биле продадени на трета пријателска земја.

Како што наведува агенцијата „АП“, Салвини денес попуштил под притисокот на јавноста и се согласил да одговара на прашањата во парламентот за обвинувањата дека негов соработник барал од Русите пари за неговата про-руска партија „Лига“.

 

 

Ќе ви се допадне