Италијанците снимиле емисија во 2015 година – Тврдат Кинезите создале вирус кој ги напаѓа белите дробови

Од појавата на новиот коронавирус досега се раширија голем број теории на заговор за тоа како вирусот настанал. Но, ова го дополни една стара италијанска емисија која за многу кратко време се рашири по социјалните мрежи. Во 2015 година во научната емисија „Леонардо“ на канал „РАИ“, бил емитуван прилог во кој е наведено дека кинески научници создале супервирус кој може да ги нападне луѓето, особено неговите дишни органи. Нивната цел била да го проучат истиот.

Наводно, научниците земале протеини од лилјаци и ги помешале со вирусот кој го предизвикува САРС, а кој потекнува од глувци. Кога оваа снимка стара неколку години се појави во јавноста, крена голема прашина во Италија, земјата во Европа која е најтешко погодена од епидемијата.

Многумина сметаат дека овој прилог е доказ дека вирусот потекнува од Вухан, каде е создаден во лабораторија. Теоретичарите сметаат дека кинеските научници изгубиле целосна контрола над истиот.

Според оваа теорија, научниците од Вухан создадоа вирус како биотерористичко оружје, но го пуштиле да се рашири како епидемија. Иако самата италијанска научна јавност ги негирала ваквите тврдења, веднаш се јави поранешниот министер за внатрешни работи Матео Салвини, кој на „Твитер“ напиша: – „Неверојатно!“ – а и останатите десничарски партии, веднаш му се приклучиле во нападот на Кина.

Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи ди Мајо, истакна дека десницата објавила вест која создава доплонителна паника во земјата.

„Славини не се грижи за оваа земја, не му е гајле, затоа што на му одговара да ја тероризира“, изјавил Мајо.

Сепак, останува прашањето дали вирусот вештачки е создаден во лабораторија? Институтот „Скрип“ кој неодамна објави текст во магазинот Nature Medicine, тврди дека новиот коронавирус SARS-CoV е производ на природна еволуција.

Професорите на споменатиот Институт ги споредиле гените на соевите на коронавирусот и утврдиле дека новиот коронавирус е настанат благодарение на природни процеси.

Коронавирусите се семејство на вирус кои можат да доведат до многу болести, но кои се разликуваат по интезитетот. Веднаш по избивањето на епидемијата на covid-19, кинеските научници го проучиле генот на новиот вирус и податоците ги поделиле со колегите ширум светот.

Професорот Кристијан Андерсен од Институтот „Скрипс“, со помош на тие податоци го истражувал новиот вирус, а се фокусирал на две главни одлики, таканаречените шилести протеини што ги фаќа клетките на домаќинот и нешто што наликува на отворач на конзерви, со помош на кој вирусот прво ја отвора и на крајот влегува во ќелијата на домаќинот.

Овој шилест протеин е толку ефикасен во врзувањето со човечката клетка и е вистински доказ за природна селекција, затоа што такво нешто не може да се создаде во лабораторија. Освен тоа, самата основа на вирусот личела на оној коронавирус најден во лилјаците и панголините.

Но, научното објаснување не ги смири поедини италијански политичари кои најавиле дека по ова прашање ќе се занимава и парламентот, па дури и обвинителството.

Еугенио Зофили го повика Луиџи ди Мајо да го расчисти случајот по ова прашање со кинеските власти.

Scroll to Top