По наредбата на Ким Јо-џонг (32), сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, минатиот вторник беше дигната во воздух канцеларијата за врски со Јужна Кореја.
Ова е првпат триесетгодишната Јо-џонг да излезе од сенката на нејзиниот брат, а нејзината акција ја сруши и последната надеж за било какво помирување меѓу двете Кореи.
Канцеларијата за врска се сметаше за важен симбол во приближувањето на двете раскарани држави. Се наоѓаше на територијата на севернокорејскиот индустриски комплекс во Каесонг, каде двете Кореи заедно управувале.
Тоа беше последната сламка која ги држеше заедно. Канцеларијата беше отворена во 2018 година, непосредно по третата средба на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и Ком Џонг-ун.
Јужна Кореја ја платила санцијата на запуштената зграда и обезбедила агрегати и гориво за нејзино функционирање.
Нападот на канцеларијата е реакција на Северна Кореја на најновата акција со испуштањето на летки со балони од страна на јужнокорејски активисти и севернокорејски бегалци, преку границата на крајот на мај, во кои тие повикуваат на рушење на власта на Северот.
Ваквата акција предизвика гнев и бес во семејството на Ким. Акцијата за уништување овој пат го наредила сестрата на Ким, која минатата сабота најави дека наскоро ќе бидат сведоци на трагична слика и целосно уништување на бескорисната канцеларија за врска меѓу Северот и Југот.
„Мислам дека е крајно време да ги раскинеме односите со јужнокорејските власти“, изјавила таа.
Што е следниот потег на Ким Јо-џонг?
Експертите оценуваат дека зад акцијата на Пјонгјанг се крие нешто друго.
„Северна Кореја намерно предизвикува тензии“, напишала на „Твитер“ Џин Х. Ли од американскиот Центар „Вилсон“, пренесува „Блик“.
Пјонгјанг се наоѓа во многу тешка ситуација поради строгите меѓународни санкции и обиди да го натера Сеул нешто да превземе, како санкциите воведени под водство на САД, бидат укинати.
Веројатно нема да остане на оваа мерка на одмазда. Севернокорејското воено раководство се закани со акционен план, кој предвидува испраќање на војска во демилитаризованата зона.
Северна Кореја најави дека линијата на фронтот ќе се претвори во тврдина и ќе се зголеми воената будност. Ким Јо-џонг упатила отворени навреди кон јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин.
„Беше мачно да се слуша неговиот говор“, изјавила таа во средата во одговорот на неговата порака, во која тој повикува на мир на Корејскиот полуостров.
„Се чини дека е луд, иако однадвор изгледа нормално“, изјавила таа.
Ким Јо-џонг досега планирала и организирала бројни настапи на нејзиниот брат, му ги пишувала говорите и се грижела за тоа какви слики ќе стигнат до јавноста. Како директорка на Министерството за прпаганда, таа практично ги контролира медиумите.
Научниците во изминатиот период интензивно работат на проучување на мистериозните јами и дупки што се појавија во еден од најпознатите мегалитски споменици Стоунхенџ. Ова...
Од НАСА успеале да снимат звуци што доаѓаат од вселената. Вознемирувачките звуци, како што ги нарекуваат некои заговорници, потекнуваат од црна дупка. Тие се...
Огромен астероид ѝ се доближува на планетата Земја, предупредија од НАСА. Од таму велат дека внимателно го следат неговиот лет, пренесе „Њујорк пост“. Од...
Меѓународeни тим од астрофизичари и научници објавија компјутерските симулации од црна дупка која се наоѓа во центарот на нашата галаксија. Дупката го доби името...
GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.