Како прочуениот педофил Џефри Епстајн станал милијардер

By

Американскиот новинар Едвард Џеј Епстајн открива за „Дејли Мејл“, на кој начин поранешниот американски милијадер и осуден педофил, Џефри Епстајн, стигнал до неговото богатство.

Џеј се познавал со педофилот милијардер Џефри, иако не биле во никакви роднински врски, повеќе од три децении и единствено тој имал увид во начините на кои посрамотениот финансиер ги заработил своите пари.

Сега Едвард се обидел за „Дејли Мејл“ да одговори на прашањето, како Епстајн ги стекнал своите милијарди. Мадам Гилејн Максвел, девојката на Џефри, која за милијардерот регрутирала малолетни девојки, е единствената жива личност која го има одговорот на тоа прашање, вели Џеј.

Таа знае како Џефри успеал да го стекне своето богатство и каде истото се наоѓа во моментов. Една од теориите е дека нејзиниот татко, Роберт, финансиски го поддржувал Епстајн.

Кога Епстајн умре минатиот август под сомнителни околности во затворот во Њујорк, имотот му вреден 467 милиони фунти, но шефот на мултимилијардерскиот хеџ фонд, кој новинарот првпат го сретнал во вилата на Епстајн во Њујорк, му рекол дека тоа е само врвот на ледедниот брег.

Но, тој не знаел како Епстајн, кој никогаш не заклучил некаков успешен деловен договор, успеал да акумулира огромно богатство. Тоа не го знаеле ниту луѓето на „Волстрит“.

Новинарот наведува дека Епстајн го запознал на една забава на „Ноќ на вештерките“, на Менхетен во 1987 година. Набрзо потоа го поканил на чај во хотелот „Мејфер“, и му кажал дека тој е ловец на финансии, најмен да открива скриени пари од озлогласените офшор раеви како Андора, Фиџи, Гибралтар и Кајманските острови.

„Ова ми укажа на тоа дека можеби е вмешан во некаква сомнителна работа“, вели новинарот.

Потоа Епстајм му ја демонстрирал својата вештина на магично претварање на авио-картите за економска класа во билети за прва класа. Новинарот вели дека на Епстајн му дал карта за Шпанија, а тој следниот ден му ја претворил во билет за прва класа.

Оваа бесплатна надоградба веднаш му делувала како премногу добро за да биде вистина. И навистина кога се обидел да влезе во авионот, му рекле дека неговата карта е лажна.

Се испотавило дека Епстајн има залихи од стикери за прва класа, кој ги лепел на евтините карти, со надеж дека ќе помине незабележано.

„Сите работи во врска со Епстајн биле измама. Никогаш не помислив дека тој е чесен човек“, вели новинарот.

Во тоа време Епстајн не бил тајкун. Живеел во скромен стан во кулата Солоу во Њујорк. Кога имало штрајкови, поради цените, тој престојувал таму, а не плаќал ниту цент. Понекогаш се преправал дека живее во пентхаус и поканувал гости во градината на кровот од зградата, од каде нарачувал и храна.

Имал канцеларија која ја делел со жената на поранешниот гувернер на Њујорк. Ќиријата ја плаќал Стивен Хофенбрег, сопственик на агенцијата за наплата на сметките „Товерс интернешенел“.

Една година подоцна, во 1988 година, се испоставило дека Хофенберг водел измамничка пирамидална шема „Понци“, поради што одлежал 18 години во затвор.

„Облакот околу Епстајн дополнително се зацрни, кога му даде програма која дополнително ми овозможи од далечина да имам пристап до неговиот компјутер, со чија помош влегував од мојот телефонски модем, што тогаш беше напредна технологија. Ми рече дека со тоа можам да добијам квоти на берзата во реално време, но исто така ми откри дека има проблем со притокот на готовоина. Не само што тоа биле писма на луѓе кои барале да им ги врати парите, туку еден финансиер од Њујорк пријавил дека чекот од Епстајн на 83.000 долари му бил одбиен по втор пат кога се обидел да наплати“, вели новинарот.

На почетокот во 1989 година, тој се откажал од секоја приказна за Епстајн. Имале заенички пријател кој го известил новинарот дека Епстајн се иселил од лажниот пентхаус во огромна вила, која претходно била во сопственост на тајкуот Лес Векснер, сопственик на „Викторија сикрет“.

До тогаш тој ги купил и ранчот покрај Санта Фе, во Њу Мексико, приватен остров и архипелагот Вирџин и апартман во Париз кој во центарот на дневната соба бил наполнет со малечки слончиња. Со приватниот авион го возел и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Заедно биле во посета на Африка, а се познавал и со британскиот принц Ендру.

„Бев фасциниран од тоа што постојано беше опкружен со најубавите жени кои сум ги видел во животот“, наведува новинарот.

Неверојатно е тоа што во во патот кон светот на парите и моќта, ништо не можело да го спречи Епстајн, дури ни 13 месечната затворска казна поради подведување на малолетничка на Флорида. А потоа како гром од ведро небо, Епстајн го повикал новинарот во 2013 година во неговата вила, за да го праша за Владимир Набоков, автор на „Лолита“, кој го запознал неколку децении претходно.

Тој се согласил да дојде, затоа што имал желба да открие како Епстајн го заработил своето богатство. Со оглед дека бил осудуван, не можел да добие дозвола да раководи со финансиите, но, сепак му било подобро од кога било претходно.

До тогаш Епстајн имал куќа во Њујорк, Палм Бич, Париз и Њу Мексико. Бил во процес да купи и вила во Саудиска Арабија, а имал приватна флота на авиони и хеликоптер.

„Управувам со финансиите на неколку одбрани клиенти“, изјавил Епстајн, кога новинарот го запрашал за неговата работа.

На ѕидовите биле негови фотографии со саудискиот крунски принц Мохамед бин Салман и емиратскиот Мухамед бин Зајед. Кога новинарот го прашал дали му се и тие клиенти, Епстајн му одговорил дека некои од нив се. На прашањето дали имал клиенти и во Русија, Епстајн му одговорил дека често лета во Москва за да се види со Владимир Путин.

„Во тоа ми беше тешко да поверувам. Беше неверојатно да толку моќни светски лидери, да го доверат менаџментот на своите лични фондови на осудуван сексуален престапник“, вели новинарот.

Која била тајната на Епстајн, никогаш нема да се дознае. Неговото самоубиство, како што тврдат луѓето која ја направиле обдукцијата, само ја разбуди мистеријата кај многумина да се открие потеклото на неговите пари.

Американскиот новинар дознал дека Хофенберг, откако бил ослобден од затвор во 2013 година, отишол кај Епстајн и му побарал пари. Овој, според неговата верзија го исфрлил. Но, Хофенберг раскажал дека на крајот на осумдесетите години, ја повлекол својата компанија „Товер интернешенел“ за враќање на долговите во „Понци шемата“ и дека Епстајн многу брзо станал клучен актер во целата таа ситуација. Неговиот удел бил 475 милиони долари.

Проблемот со тоа било тоа што Епстајн никогаш не бил споменат во низата на истраги околу таа компанија. Никогај вмешан во шемата никогаш не го споменал неговото име.

„Ако Епстај примил дел од парите, зошто Хофенберг не го открил за да ја ублажи својата затворска казна? Дали навистина очекувал дека ќе ги добие парите назад кога ќе излезе од затвор?“, се прашувал новинарот.

Роберт Максвел, таткото на Гилејн, бил следниот на листата на оние кои можеби финансиски го поддржале Епстајн. Медиумскиот тајкун украл стотина милиони долари од пензискиот фонд на своите компании, односно, вработени, а властите не успеале да им влезат во трага на тие пари.

Неговото тело било пронајдено во водите на Тенерифе во 1991 година, а набрзо по неговата смрт, Епстајн почнал да се забавува со Гилејн. Поради тоа некои од неговите блиски во околината, се посомневале дека меѓу нив има нешто повеќе од романса и дека Епстајн ги сокрил украдените пари. Сепак сеуште нема докази кои би ги поддржале ваквите теории.

Конечно, како што пишува новинарот, може да се заклучи дека Епстајн ја кажувал вистината кога говорел дека богатите и моќни луѓе, имале причина да му ги доверат своите фондови. Еден неименуван финансиер му ркеол на новинарот пред смртта на Епстајн, дека милијардерот му предложил да му почува 40 милиони долари даночн пари, ако му даде да раководи со 100 милиони долари.

Епстајн тврдел дека парите ќе бидат сместени во лавиринти на офшор непрофитни организации, кои тој ги контролира и на тој начин дел од профитот ќе биде префрлен на финансиерската фондација, а сметките ќе останат офшор и надвор од дофатот на даночните обврзници.

Кога финансиерот му соопштил дека шемата била затајување на данок, Епстајн му одговорил дека малку е веројатно даночните власти го откријат тоа и дека ако дојде до такво нешто, тој потоа ќе може да го заштити.

Но, финансиерот морал да му ги препише фондовите со тотална дисрекција околу тоа каде и како парите се инвестираат. Таков документ би претставувал доказ за американските даночни власти, му објаснил Епстајн. Финансиерот на крајот ја одбил неговата понуда.

Другите можеби се прифатливи. Нешто пред апсењето, Епстајн му изјавил на соработникот дека има можност да влезе во бизнис со сокриени фондови на милијардери, кои сакале да се разведат од своите жени, се разбира со голема провизија.

Можеби не е толкава мистерија за тоа како Епстајн дошол до целото тоа богатство. Поголема мистерија е сега, на кого истото му припаѓа, вели новинарот за „Дејли Мејл“.

 

 

Ќе ви се допадне

AnimeHeaven free anime: Dragon Ball Z (Dub) (https://animeheaven.pro/m/mqq) Episode 291

4Anime 4anime online: Black Clover: The All Magic Knights Thanksgiving Festa Episode Full