Ќе го саботира парламентот и ќе го истера брегзит до крај, тајниот план на Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон подготвува план за легално спречување на какво било продолжување на рокот за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Неговите советници во неделата одржале состанок во кој разговарале за тоа како да го спречат британскиот парламент да наметне тримесечно продолжение на рокот за брегзит ако не дојде до решение.

Планот на Џонсон предвидува на Брисел со барање за продолжување на рокот за брегзит, да се испрати и писмо во кое се наведува дека британската влада се противи на какво било продолжување на рокот по 31. октомври.

По неочекуваната оставка на министерката за труд Амбер Руд, која дури и ја напуштила Конзервативната партија поради политиката на Џонсон, двајца министри изјавиле дека премимерот е одлучен во тоа да се држи до планот за излегување на Британија од Европската унија до 31 октомври, со или без договор.

Оставката на министрката Руд во саботата поради владиниот несразмерен фокус на подготовка на брегзит без договор, дополнително ја засили кризата.

„Гледам дека од 80 до 90% од работата на односите со ЕУ се однесува на подготовките за Брегзит без договор. Забележувам несразмерност“, изјавила Руд.

„Целта на оваа оставка е да се укаже на тоа дека Конзервативната партија во своето најдобро издание треба да биде умерена партија која ќе ги прифати различните ставови на луѓето за ЕУ“, истакнала таа.

Шефот на дипломатијата Доминик Раб тврди поинаку. Тој вели дека се водат „интезивни преговори“ за Брисел и дека владата на Џонсон не е насочена на она што некои го опишуваат како што е стратегија брегизт.

Министерот за финансии Сајид Џавид изјавил дека премиерот на самитот на 17. и 18 октомври ќе се обиде да постигне договор. Сигурно нема да бара одлагање на брегзит.

Францускиот министер за надворени работи Жан Ив ле Дријан изјавил за радио Европа дека ситуацијата е многу загрижувачка и дека Британците ќе мораат да кажат што сакаат.

Џонсон го изгуби мнозинсството во парламентот. Исфрли 21 бунтовници од Конзервативната партија и не успеал да ги наметно новите избори. Оставка поднел дури и неговиот роден брат, велејќи дека не може да поднесе поделби во семејството и националниот интерес.

Scroll to Top