Ќе ја доживее ли Ким Џонг Ун истата судбина како неговиот татко и дедо кои умера на ист начин: Теориите на заговор не мируваат

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун би можел да ја доживее истата судбина како и неговиот татко и дедо пред него и да загине во атентат, пишува српски „Курир“. „Блумберг“ пишува дека Династијата Ким има долга историја на слични здравствени проблеми.

За потсетување, оваа недела низ светот се рашири приказната во американските медиуми, дека Ким Џонг Ун е во критична состојба по кардиоваскуларниот зафат. Поедини натписи дури истакнаа дека Ким можеби веќе е починато, но ваквата вест сеуште се крие.

За неговата состојба се огласија и јужнокорејските власти кои соопштија дека нема невообичаени знаци во изолираната земја, како и тоа дека Ким ги спроведува вообичаените активности.

Страста кон пушењето, јадењата и специјалитети како и мистериозните заболувања, преминаа од основачот на државата Ким Ил Сунг, на неговиот син Ким Џон Ил, а потоа и на неговиот вник, актуелниот лидер Ким Џонг Ун.

Ова поттикна голем број на заговорници во јавноста да излегуваат со безброј теории за нивните третмани и прогнози. Со нивните реални здравствени состојби запознати биле само мал број на верни сојузници од сите кругови на власта.

Иако Ким Ил Сунг почина во 1994 година, на 82 годишна возраст, гласините кои се појавија за неговата наводна смрт во осумдесетите не се однесувале на неговото здравје. Северна Кореја преку звучници на тешко милитаризираната граница со јужниот сосед, разгласи дека е убиен во атентат.

Веста за неговата смрт, го заобиколи светот. Два дена подоцна, државните медиуми го покажаа жив, како на аеродромот во Пјонгјанг ја дочекува монголската делегација.

Утрото на 8. јули 1994 година, Ил Сунг се сруши од изненадувачки срцев удар во својата резиденција во Хјангсан, северниот дел на Пјонгјанг. Напорите на лекарите да го спасат не успеаа и тој почина подоцна тој ден.

Неговата смрт е објавена 30 часа подоцна. Балсамираното тело на Ким било сместено во јавниот маузолеј во Палатата на Сонцето Кумсусан. Неговиот син, таткото на Ким Џонг Ун, „Драгиот лидер“, како што го нарекувала пропагандната машинерија, починал во 2011 година исто така од срцев удар, на 70 годишна возраст.

Година дена по претераното конзумирање алкохол, храна и пушење цигари. Јужнокорејците кои го запознале во 2000 година на самитот на лидери на поделениот полуостров, изјавиле дека тој бил склон на тешка, мрсна храна.

Неговата способност да исчезнува на повеќе недели, е поврзана со лошите навики, предизвикаа низ годините шпекулации за неговото здравје. Кога во 2007 година се појави, тој изгледаше послаб во струкот и имал помалку коса, што ги поттикнало гласините дека имал срцев удар.

Гласините дека и 36 годишниот лидер на Северна Кореја Ким Џонг Ун е тешко болен почнаа откако тој не се појави на големата прослава на роденденот на својот дедо на 15. април. Ким значително се здебелил откако ја превзема власта во 2011 година, а во јавноста е виден со цигара исто како и неговиот татко кој се сметал за страствен пушач.

Јужнокорејските изветувачи веруваат дека Ким пати и од висок крвен притисок и дијабетис.

 

Извор/Курир.рс

Scroll to Top