Кенеди не бил вистинската мета на Освалд

Ли Харви Освалд човекот кој бил обвинет за убиството на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, всушности имал намера да го убие гувернерот на Тексас, Џон Конели. Името на Конели е пронајдено на 17. страница во адресарот, каде биле наведени имињата на сите потенцијални мети кои Освалд планирал да ги убие.

Покрај Конели, Освалд во својот адресар ги забележал ѝ имињата на агентот на ФБИ Џејмс Хостиј, генералот Едвин Вокер и тогашниот потпретседател на САД Ричард Никсон.

Во часовите по убиството на американскиот претседател Џон Кенеди, Освалд го убил ѝ полицаецот Ј.Д. Типит. Набргу потоа Освалд бил прогласен за атентатор, а агентот Хауард добил задача да го претресе неговиот стан.

Во станот агентот го пронашол тефтерот со имињата на потенцијалните мети на Освалд. Подоцна агентот Хауард го предал тефтерот на Ворен-комисијата, која била надлежна да го разгледува целиот случај.

Долго време потоа, агентот Хауард открил дека 17. страница на биле напишани имињата на луѓето кои Освалд планирал да ги убие, била скината.

Новинарот на „Лос Анџелес Тајмс“, Џејмс Рестон, напишал книга за убиството на Кенеди, под името The Accidental Victim. Рестон вели дека прв пат слушнал за агентот Хауард, откако ја напишал книгата.

Од тој момент Рестон се обидувал да дознае кој е тој човек и дали можеби вистинската мета на Ли Харви Освалд на денот на убиството, бил гувернерот Конели, а не претседателот Кенеди.

Приказната за Освалд почнува в далечната 1962 година. Таа година по таканаречениот чесен отпуст од американските маринци, Освалд се преселил во Советскиот сојуз. Повеќе Освалд не бил посакувана личност во Америка меѓу своите колеги војници и граѓани и пријатели.

Но Освалд не бил премногу ентузијастичен околу животот во Русија. Тој имал жена и дете и мислел дека најдобро ќе биде да се врати во Америка. Освалд испратил молба до Конели за да му помогне. Конели кој бил негов сонародник од Тексас ѝ во тоа време главен командат на морнарицата, не му ја исполнил желбата и одбил да му помогне.

Ваквата одлука особено го изнервирала Освалд откако дознал дека Конели планира да се кандидира за гувренер. Кога се вратил во Тексас, Освалд не можел да најде работа, а за неговата состојба го обвинувал Конели.

За ваквите информации сведочела и сопругата на Освалд, за време на судењето, кога изјавила дека неговата мета всушност била гувернерот Конели, а не претседателот Кенеди.

Тоа го повторувала тоа постојано за време на сведочењето во 1978 година. Ништо не укажувало дека Освалд имал било какви непријателски чувста насочени кон Кенеди. Напротив и неговата сопруга постојано говорела дека Освалд ја поддржувал политиката на Џон Кенеди.

Како што пишувал весникот „Лос Анџелес Тајмс“, на никој не му било јасно зошто ваквите докази биле цело време игнорирани во службените истраги, а главното прашање до ден денес останало неодговорено. Која е личноста која од адресарот на Освалд ја искинал 17. страницата со списокот на имиња на луѓе кои тој имал намера да ги убие.

На тоа прашање се обидел да одговори ѝ ФБИ агентот Хауард. Неговиот прв одговор бил дека тоа го направил тогашниот шеф на ФБИ Едгар Хувер. Хауард претпставува дека Хувер не сакал да се спменува името на агентот Хости во целата истрага.

Вториот одговор е дека тоа го направл Линдон Џонсон, близок пријател Конели. Се претпоставува дека Џонсон не сакал да го меша името на гувернерот во истрагата. Веројатно се исплашил дека неговиот пријател гувернер на крајот би можел да биде обвинет за поврзаност во атентатот на Кенеди.

Околу убиството на Кенеди веќе со години кружат разни теории на заговор, а новинарот на „Лос Анџелес Тајмс“, Џејмс Рестон, напишал повеќе книги за убиството на Кенеди. Рестон тврди дека ниту една теорија не се поклопува со стилот на живот кој го водел Освалд, пишува Express.

Освалд не бил ладнокрвен убиец. Теоријата дека Кенеди случајно се нашол на неговата линија на оган и добил куршум, кој всушност бил наменет за Конели (гувернерот кој во тие моменти исто така се возел со претседателот), е една од теориите во која најмногу верува Џејмс Рестон.

Scroll to Top