Ќерката на Владимир Путин почнала да добива закани на социјалните мрежи

Ќерката на Владимир Путин, Луизa Розова, почнала да добива закани и навредувачки коментари на социјалните мрежи откако Русија ја нападна Украина. Розова, која се смета за една од вонбрачните ќерки на Путин, секојдневно добивала илјадници заканувачки пораки и навреди.

Осумнаесетгодишната Луиза, чие вистинско име е Елизавета Кривоноги, била позната и добивала закани и навреди и пред да почне руската инвазија врз Украина. Причината е само затоа што многумина сметаат дека таа му е ќерка на Путин.

Познато е дека рускиот претседател има две ќерки – Марија и Екатерина, кои ги доби со поранешната сопруга Људмила, а во јавноста се шпекулира дека добил уште една ќерка во аферата со гиманстичарката Алина Кабаева.

Често се слушаат и теориите дека Путин имал авантура и со Светлана Кривоноги, која некогаш работела како хигиеничарка, а денес е косопственик на една позната руска банка. Наводно, од таа врска ја добил Елизавета.

Елизавета веќе долго време е активна на „Инстаграм“, каде што споделува фотографии од својот луксузен живот, ноќните излегувања во скапи ресторани и модни куќи, летувања. Сега кога избувна војната во Украина, на секоја од фотографиите фановите ѝ се закануваат.

„Дали и ти замина во војна? Како не ти е срам да трошиш крвави пари? Речи му на татко ти да оди во пеколот. Гори и ти. Исчезни од планетава и ти и целото твое семејство“, биле само некои од коментарите.

Светските медиуми пренесоа дека Луиза Розова е единствената личност за која се верува дека припаѓа на семејството Путин, а која е активна на социјалните мрежи. Затоа, многумина, по почнувањето на војната во Украина, бесот го насочија кон неа.

Мал број фанови застанаа во нејзина одбрана велејќи дека таа не може да биде виновна за одлуките на татко ѝ, а има и такви што потсетија дека никогаш не е потврдено дека таа има каква било врска со Путин.

За потсетување, Луиза на „Инстаграм“ ја следат повеќе од 94.000 луѓе, а од октомври нема објавено нови фотографии. Некои медиуми пренесоа дека ѝ е забрането да користи „Инстаграм“ бидејќи не е активна таму повеќе од пет месеци.

Scroll to Top