Кијану Ривс верува дека моќни елити го контролираат светот

Актерот Кијану Ривс вели дека моќни елити и тајни групации го контролираат светот и начинот на кој денеска луѓето живеат. За време на снимањето на рекламата за „Супербоул“ во пустината Мојава, Ривс изјавил дека секој човек на планетава е контролиран со помош на компјутерска симулација.

Актерот направил споредба со сцените од снимањата на филмот „Матрикс“, објаснувајќи дека секој од нас полека почнува да се ослободува од матрицата. Тој објаснил дека елитата во сенка и тајните друштва не држат во ментален затвор и прават сè што е во нивна моќ за да го потиснат и спречат нашиот потенцијал.

„Човештвото е заробено повеќе од 1000 години. Но, сега покажуваме знаци на ослободување од матрицата. Ова се возбудливи времиња и доаѓа време на пресврт“, изјавил Ривс.

Ѕвездата од филмот „Матрикс“ вели дека има прочитано многу книги за древната историја и учејќи за минатото направил споредба со сегашноста во која живееме. За Ривс клучна е војната која се води меѓу луѓето кои сакаат да го ослободат човештвото и моќните елити, кои по секоја цена сакаат да ја задржат ваквата состојба.

Актерот смета дека тајните елити со помош на дел од селебрити лицата, се обидуваат на обичниот човек да му продадат лажен морал и погрешен пристап во начинот на живеење. Тој ја посочи старлетата Кардашијан како пример. Ривс објасни дека луѓето полека почнуваат да го разбираат нејзиниот начин на живеење и истиот да го осудат и отфрлат како таков.

„Многумина досега ги интересираше животот на Ким Кардашијан и водени се од нејзиниот начин на живот. Моќните елити сакаат преку неа да не контролираат и нас и да ни наметнат одреден стил на живење. Но, поголемиот дел од населението полека почнува да се буди и да го согледа лажниот морал“, изјавил Ривс.

За актерот матрицата претставува еден вид на холограмска слика која треба да ни се наметне во нашата потсвест од страна на оние кои сакаат да не контролираат. Човештвото е потиснато и контролирано на овој начин веќе со илјадници години.

„Ние мислиме дека тоа е реалност, но всушност тоа е само филм кој се игра во нашата колективна свест и кој ни се претставува како реалност“, вели Ривс.

Дел од најбогатите и највлијателните луѓе го делат мислењето на Ривс. Дел од нив се убедени дека живееме во компјутерска симулација. Два технолошки милијардери од Силицијанската долина вложуваат пари и напор да ги оттргнат луѓето од симулацијата во која живееме. Таков е примерот со милијардерот Елон Маск. Основачот на компанијата „Тесла“ е еден од оние кои го дели мислењето со Ривс и верува дека големи се шансите човекот да живее во компјутерска симулација од типот на матрица.

Неодамна и американскиот медиуми „Њујоркер“ излегол со статија дека се поголем број луѓе кои живеат во Силицијанската долина почнуваат да стануваат опседнати со идејата дека она што го доживуваме како реалност, всушност е произведено во компјутер. Какко пример тие навеле двајца технолошки милијардери за кои напишале дека и тајно ангажирале светски научници кои треба да работат за нашето излегување од симулацијата.

Ривс верува дека овие луѓе на погрешен начин го имаат разбрано нашето ослободување од матрицата. Акерот смета дека парите немаат никаква врска со ослободувањето на човекот од матрицата.

„Ставите си ги парите назад во џебовите“, им порачал Ривс.

„Тоа нема никаква врска со доларите или компјутерите. Станува збор за духовен чекор, кој треба да секој од нас да го направи. Тоа не може да се оствари преку хакирање во комјутер“, вели Ривс.

Актерот верува дека некои луѓе веќе ги имаат направено првите духовните чекори и објаснува дека човештвото е повеќе изморено од непотребните војни, водствата на тоталитарни личности и авторитарните контроли.

„Мислам дека луѓето сè повеќе разбираат што им е најважно во животот. Досега кај секој од нас постоеше реален страв дека наскоро ќе ни се случи крајот на светот. Тоа беше страв кој ни го наметна елитата. Секој од нас веруваше дека работите полека почнуваа да излегуваат од контрола. Некои изгубија секаква надеж за коков било спас. Но, треба да ги отвориме очите, барем за минута и да ги видиме работите какви навистина се. Ќе се изненадиме од манипулациите кои секојдневно ни се случуваат. Луѓето како Доналд Трамп не изманипулираа со помош на интернет мрежата“, вели Ривс.

Актерот порачува дека сега е вистинското време кога човекот треба да ја врати моќтта во свои раце и да ги отвори вратите на менталниот затвор. Затвор кој поттикнати од одредена група на луѓе, го имаме изградено самите за нас.

 

 

 

 

Scroll to Top