Ким Џонг-ун е во кома, а сестра му е новиот лидер на Северна Кореја

Јужнокорејскиот дипломат Чанг Сонг-мин тврди дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, е во кома, а дека неговата сестра ја има преземено контролата над Северна Кореја.

Поранешниот помошник на покојниот јужнокорејски претседател Ким Дае-џунг тврди дека Северна Кореја ја крие вистината за влошената здравствена состојба на својот лидер.

Тој вели дека владетелот на Северна Кореја е во кома и за локалните медиуми изјавил дека неговата сестра Ким Јо-џонг е во позиција да преземе некои од овластувањата на својот брат.

Чанг Сонг-мин ова го тврди иако севернокорејските медиуми објавиле фотографии кои наводно докажуваат дека Ким присуствувал на состанокот на владата во четвртокот.

Претпоставките за здравствената состојба на Ким стануваат сèпоголеми поради изостанокот на јавни настапи оваа година.

Минатата недела медиумите пренесоа дека Ким ѝ дал повеќе овластувања на својата сестра и дека таа сега е задолжена за севернокорејската политика кон САД и Јужна Кореја.

Scroll to Top