Ким Џонг ун има и трето дете чиј пол е непознат, објавија службите од Јужна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун има и трето чиј пол засега не е познат, објавија пратеници од јужнокорејскиот парламент повикувајќи се на извори од извештаите на Националната известувачка служба.

Има еден син, кој досега се нема појавено во јавност, додека ќерка му Ју-ае е видена неколку пати на неколку важни настани. Многумина шпекулираат дека ја подготвува за нејзин наследник и иден лидер на земјата, пренесе „Ројтерс“.

Националната известувачка служба NIS смета дека појавувањето на Ју-ае во јавноста е затоа што Ким сака да им покаже на народот дека неговиот наследник ќе биде четврта генерација на лидери од неговото семејство, пренесе „Телграф“ а пишува „Танјунг“.

Еден од пратениците од Јужна Кореја рече дека извештајот на NIS не ги потврдил гласините дека синот на Ким има ментални проблеми. Во истиот тој извештај е наведено и дека Северна Кореја е во можност да одржи големи воени вежби и да ја тестира новата интерконтинентална балистичка ракета оваа пролет.

Е наведено и дека недостигот на храна во земјата не претставува сериозенна закана за режимот и покрај тоа што Северна Кореја се соочува со годишна загуба од  800.000 тони ориз.

 

Scroll to Top