Ким Џонг Ун исто како Сталин ја лажираше својата смрт

By

Триесет и шестгодишниот лидер на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, го повтори класичниот трик на поранешниот советски лидер, Сталин, и ја лажираше својата смрт. Тој сакаше да провери како ќе реагира јавноста и дали во кругот на неговите блиски соработници, има луѓе на кои не може да им верува, пишува Експресо, а пренесува Курир.рс.

Минатата недела во јавноста кружеа приказни дека Ким бил сериозно болен и дека починал по операцијата на срцето. Но овие гласини прекинаа, кога минатиот викенд лично тој ја пресече црвената лента на новата фабрика за смет. Џејмс Моро, водителот на емисијата Skaj autsajders, во австралиското издание на телевизијата „Скај“, изјавил дек Ким можеби го извел класичниот сталинистички маневар, лажирајќи ја својата смрт.

Тој вели дека намерата на Ким била да почне да се ослободува од оние за кои смета дека наумиле да ја преземат неговата власт.

„Она што веројатно му било во план, е претерано да се шират гласините за неговата смрт. Тој одлучил да се повлече и да види како ќе се одвива ситуацијата во поглед на власта, да дознае кој, во случај на неговата смрт, ќе се обиде да ја преземе власта“, изјавил Моро и додал дека очекува брзо да се случи чистка во Северна Кореја.

Повторното појавување на лидерот Ким, го уништи кредибилитетот на угледниот бегалец, Тае Јонг Хо, кој говорел дека Ким има смртоносна болест, па дури и дека умрел. Како заменик амбасадор на Северна Кореја во Велика Британија, Хо бил задолжен за управување на тајните фондови на Ким во Англија, а во 2016 година тој избегал во Јужна Кореја. Денес е пратеник во јужнокорејскиот парламент.

„Свесен сум дека една од причините зошто многу од вас гласаа за мене како законодавец, е фактот дека сте очекувале прецизни анализи и прогнози за темите поврзани со Северна Кореја. Чувствувам вина и одговорност. Се извинувам на сите, без разлика на причините на исчезнувањето на Ким“, изјавил Хо.

За потсетување, поранешниот севернокорејски дипломат Хо се извини и поради тоа што рече дека претседателот Ким, најверојатно е толку болен, што не може да стои на нозе, пренесува „Ројтерс“.

Неколку дена пред да се појави во јавноста фотографија од еден од јавните настани, некои од поранешните севернокорејски високи функционери кои побегнале во Јужна Кореја, шпекулираа дека претседателот бил толку тешко болен, што можеби е дури и мртов.

Претседателот на Северна Кореја три недели се немаше појавено во медиумите, што поттикна голем број шпекулации и прашања. Но, севернокорејските медиуми објавија фотографии и видео на кои се гледа како претседателот сече црвена лента на церемонија по повод отворањето на една фабрика за ѓубриња.

Ќе ви се допадне