Ким ги губи нервите, сака да лансира нуклеарки над САД, велат експертите

Лидерот на Северна Кореја е подготвен да го искористи својот нуклеарен арсенал за да пчоне со првиот смртоносен удар врз Соединетите Американски Држави, пишуваат светските медиуми.

Експерт за Северна Кореја вели дека ова е првиот знак оти неговата земја е нападната. Анкит Панда вели дека врховниот севернокорејски лидер ги држи своите интерконтинентални балистички проектили со голем дострел како резерва против неколку цели во САД.

Панда ги изнесе своите тврдења во новата книга, „Ким Џонг-ун и бомбите – опстанок и одвраќање во Северна Кореја“. Во книгата Панда ја разгледува историјата на нуклеарната програма на Северна Кореја и обидите за нејзина денуклеаризација.

Панда вели дека тој ги објаснил и шансите за иден можен конфликт. Ким во 2017 година предизвика светска тревога со серијата ракетни испитувања, кои резултираа со изјавата дека конечно ја разбрал големата историска кауза со завршувањето на нуклеарните сили во државата.

Многу е направено од неговата непрекината расправија со американскиот претседател Доналд Трамп, кој го означи како малиот ракетен човек. Ким му се спротивстави опишувајќи го како ментален глупак.

Некое време се чинеше дека светот се наоѓа на работ на потенцијален катастрофален конфликт. Особено кога стигнаа предупредувањата за балистички ракети издадени преку системот за предупредување за итни случаи и системот за комерцијални вонредни состојби на Хаваите.

Како резултат на тоа се огласија сирените. Иако од тогаш се чинеше дека ситуацијата е смирена, еден од соработниците на Ким, задолжен за меѓународниот мир, изјавил дека би било глупаво да се заклучи оти заканата се повлекла земајќи го предвид безобразниот план на Ким за борба.

Панда за Ekpress.co.uk изјавил дека Северна Кореја експлицитно дала сгинали оти го задржува правото да го користи своето нуклеарно оружје за да ја деградира способноста на САД, Јужна Кореја и на Јапонија да извршат инвазија на нејзина територија.

„Пјонгјанг го проучуваше начинот на кој САД ги водат експедиционите војни далеку од нејзината територија и открил дека оваа операција е подложна на нарушување ако се уништи критичната логистика, јазлите на снабдување и нивните воени бази“, изјавил Панда.

За да ја одврати понатамошната акција против него, по првата употреба на нуклеарното оружје, Северна Корја има намера да ги задржи своите балистички ракети со интерконтинентален дострал како резерва, ракети што се способни да удрат на американска почва, објаснува Панда.

„Бидејќи САД се ранливи на одмазднички нуклеарен напад, Северна Кореја би можела да смета дека американскиот претседател тогаш би можел да биде присилен да капитулира“, вели Панда.

„Се разбира дека постојат ризици и стапици за ваквата стратегија и дека нејзината примена зависи од неколку фактори вклучувајќи ги и доверливоста на севернокорејските нуклеарни ракети и вооружувањата, стабилноста на нејзината нуклеарна команда и контролата и неговата способност правилно да го разгледаат развојот пред конфликтот“, објаснува Панда.

Книгата на Панда дава застрашувачка детаљна анализа на непромислените стратегии на Ким.

Scroll to Top