Ким гради нова моќна подморница со која планира да ги нападне САД

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун беше во обиколка на новата подморница, со која вели дека планира да ги заплаши своите противници како што се САД и Јужна Кореја.

Државната агенција KCNA денес пренела дека подморницата ќе биде распоредена во Јапонското Море, но не даде подетални информации за опремата и локацијата на инспекцијата.

Лидерот особено внимание посветил на нејзините борбени системи.

„Врховниот лидер ги дознал сите детали за нејзините оперативни и тактички способности, како и за борбените системи“, навела KCNA.

Северна Кореја минатата недела предупреди дека заедничките воени вежби Вашингтон и Сеул би можеле да имаат последици по најавената обнова на преговори на САД, како и тоа дека Пјонгјанг може да го укине мораториумот на ракетни и нуклеарни проби.

Ким и претседателот на САД, Доналд Трамп, минатиот месец се сретнаа во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи и се согласиле да продолжат со разговорите по повеќемесечна блокада. Во меѓувреме немало ниту еден состанок меѓу двете страни.

Во Јужна Кореја се наоѓаат речиси 30.000 американски војници, а нивните годишни маневри со десетина илјади јужнокорејски војници секогаш предизвикуваат бес кај Пјонгјанг.

Северна Кореја ваквите маневри ги смета за генерална проба, инвазија на своја територија.

Scroll to Top