Ким ќе ги стрела телохранителите затоа што дозволиле да излезе од дома со бела дамка на капутот

Телохранителите на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, може да се соочат со стрелање затоа што го пуштиле диктаторот да излезе од дома со бела дамка на капутот.

На фотографиите кои ги објави државниот медиум KCNA, се гледа Ким со некаква мистериозна дамка на раката, што предизвика страв кај неговиот персонал дека може да се соочат со смртна казна затоа што не го заштитиле неговото достоинство во јавност.

Мајкл Меден, кој ги проучува случувањата во Северна Кореја, на неговата веб страна, North Korea Leadership Vatch, рече дека лицата за кои ќе се утврди дека се одговорни за дамката, може да бидат деградирани или осудени на принудна работа во една од неговите казнени колонии.

Додаде дека не е исклучена и можноста да бидат стрелани.

„Мојата прва реакција беше „Господи“. Персоналот кој го изнервирал врховниот лидер обично се казнуваат со деградирање, тешки задачи или принудна работа. Малку е веројатно дека некој ќе биде застрелан заради вакво нешто, освен ако Ким особено не биде изнервиран. Ако се налути за ова, тогаш неколку луѓе ќе бидат испратени на градилиште или фарма на месец или два за да размислуваат за ваквиот мал престап“, рече Маден.

„Не е нечуено персоналот да биде испратен и на стрелање. Постојат извештаи за таткото на Ким, Ким Џонг ил, кој ги испраќал телохранителите и членовите од неговиот личен персонал во затвор. Имало и еден случај со стрелање за многу мал прекршок. Една непотврдена приказна е дека еден од неговите членови во личниот персонал, седел на неговиот стол и пушел една од неговите цигари. Откако Ким дознал за ова, го застрелал“, рече Маден.

Додаде и дека кривецот може и да му испрати писмо со извинување на лидерот. Објасни и дека Ким може и да им го прости ова, затоа што е далеку помалку склон кон промена на расположението или проблемите со емоционалната регулација, во споредба со неговиот немилосрден татко.

Претходно овој месец, еден од известувачките агенти се соочил со стрелање, откако бил фатен како користи интернет. Северна Кореја стриктно го ограничува пристапот за користење интернет, за да ги спречи граѓаните да имаат каков било контакт со надворешниот свет, а агентите не можат да стапат на мрежата, без дозвола од своите раководители.

 

Scroll to Top