Ким се подготвува за нуклеарна војна, со новата подморница шансите за победа се поголеми

By

Еден ден откако Ким Џонг Ун го надгледуваше состанокот на своите главни генерали, кои одлучиле да продолжат со подготовките за нуклеарната војна на Северна Кореја, беше најавено дека новата подморница во Пјонгјанг е подготвена веднаш да влезе во служба, известува јужнокорејската служба „Јонхап“.

„Јужнокорејските известувачи, внимателно ја следеле активноста на Северна Кореја во врска со подготовките за лансирање на новата подморница, која првпат беше претставена во јавноста во јули 2019 година“, пренесува „Јонхап“, повикувајќи се на воени и известувачки извори.

„Подморницата за која се верува дека тежи 3000 тони, се гради во својата морнаричка база во Синп на источниот брег од земјата и е способна да носи три SLBM ракети“, е наведено во извештајот.

„Се чини дека подморницата е речиси подготвена да биде распоредена“, вели воениот извор на Јужна Кореја, за „Јонхап“. „Истовремено, следиме кога Северот ќе одржи церемонија на лансирање“, додал тој.

Пресудно е тоа што новата подморница е рекламирана како способна да лансира интерконтинентална балистичка ракета, со голем домет или балистичка ракета SLBM, што дополнителни би ги зголемило стратешките можности на нуклеарното лансирање на Пјонгјанг.

Во јули минатата година, севернокорејските државни медиуми објавиле фотографии од она што тогаш е наречена нова моќна подморница на Ким, која изгледала навистина помасовна од било што се можело да се види на земјата претходно.

Во моментов се верува дека Пјонгјанг има флота од 70 стари, нискотехнолошки подморници, но истите се премногу гласни и поради тоа можат многу лесно да се откријат. Сепак најважно е што тие не се способни за испалување на балистички ракети со нуклеарно оружје.

Сепак, во 2016 година, северот успешно испалил балистичка ракета SLBM, која е лансирана на подморницата во цел со брзи можности за возврат на ударот.

Се верува дека неделниот состанок на Центалната воена комисија на Работничката партија на Северна Кореја, (CMC), бил подготовка за големата најава на новата смртоносна подморница.

Конкретно, на неделниот состанок, кој го претставил Ким Џонг ун, изнесени се нови политики за понатамошно засилување на одвраќањето на земјите од нуклеарна војна и ставање на стратешките вооружени сили на операција со висока узбуна“, пренесуваат тамошните државни медиуми.

Државната управа забележала дека официјалните лица превземале клучни мерки за значително зголемување на способноста за вооружување на артилериските елементи.

Официјални лица на Сеул, се загрижени дека тоа би можело да значи наскоро воведување на нови големи подморници способни за лансирање на балистички ракети. Иако се сомневаат во способноста на новата подморница, таа секако ќе даде предност во преговорите со Вашингтон, кои во моментов се прекинати.

Тоа веројатно била и поентата на состанокот кој Ким го одржал со неговите генерали.

Ќе ви се допадне