Кина изгради огромен телескоп со кој ќе бара вонземјани

Кина од 1 април годинава ќе ѝ овозможи на глобалната научна заедница пристап до нејзиниот огромен телескоп Sky Eye. Телескопот ќе се користи за набљудување пулсари и други астрономски цели, а повремено ќе се користи и за барање вонземјански живот.

Научниците преку интернет ќе може да испраќаат апликации до Кина за пристап на телескопот.

Телескопот официјално почнал со работа уште од 11 јануари минатата година и досега имал снимено 240 пулсари (високомагнетизирани ротирачки неутронски ѕвезди, кои емитуваат снопови од електромагнетна радијација).

Еден од најсилните е пронајден во ѕвезденото јато „Месијер 92“. Тоа е таканаречениот милисекунден пулсар, кој ротира многу побргу од нормалните пулсари, со неверојатни 316,5 ротации во секунда, а вшмукува и исфрла материја од своите ѕвезди следачи.

Кинескиот телескоп е најголемит FAST-телескоп во светот и е единствениот што може да спроведе специјални видови опсервации по телескопот Arecibo, кој се сруши во Порторико. Има шпекулации дека неговата изградба чинела 8 милиони долари.

 

Scroll to Top