Кој го уби Брус Ли?

Голем број  теоретичари на заговор не веруваат во официјалната верзија за смртта на еден од најдобрите холивудски актери во минатиот век, Брус Ли. Ли официјално починал на 10 мај 1973 година од алергиска реакција на лек против болки, кои ненамерно му го дала неговата љубовница Бети.

Неговиот личен доктор изјавил дека Ли порано немал проблеми со тој лек, а аутопсијата не покажала присуство на никакви физички повреди или дроги во организмот, освен марихуана. Во тоа време медиумите во Хонг Конг не верувале во оваа приказна, се присетува сопругата на Брус Ли, Линда.

„Го прогласија за зависник, кој со љубовниците учествувал во сексуални оргии. Велеа дека користел стимуланс како виагра. Го поврзуваа со LSD, хероин и кокаин. Почна и истрагата за неговите други љубовници, односно жени со кои се гледал. Направија од него не само суперхерој, туку и супер заводник“, вели Линда.

„Во јавноста се ширеле секакви приказни. Од тоа дека се предозирал, дека починал за време на секс, дека го убила ерекцијата, дека го отрул неговиот помошник. Исто така се раширила и приказната дека Ли е сè уште жив“, вели американскиот филмски продуцент Андре Морган.

Неговите фанови во Кина не можеле да го прифатат фактот дека некој кој е толку млад и е во толку добра форма може да почине. Виновници барале во разни мистерии и во традиционалните кинески и јапонски ривали.

„Во Јапонија постои традиција на убијци познати како нинџи. Секој од нив бил исклучително добар лекар, вешт во подготовката на различни отрови“, напишал Слекс Блок во првата биографија за Брус Ли. Според некои тврдења во 1985 година, Брус Ли починал од повреда која му ја нанел некој од кунг-фу мајсторите.

Љубопитноста кај новинарите никогаш не згаснала. Тие често често знаеле дури и да влезат незаконски во мртовачница, за да го фотографираат неговото тело.

„Платив 1500 хонконгшки долари за да ми дозволат да направам слики од неговото тело. По фотографирањето на лицето, се обидов да го фотографирам и неговото тело, но една од вработените жени ме извлече од мртовечницата и ми рече дека можам да добијам отказ поради тоа“, вели Патрик Ванг, основач на таблоидот „Кам Јех Пао“.

Снимката од потеченото лице на Брус Лии потикнало голем број  луѓе да помислат дека сепак станува збор за труење на холивудскиот актер. По неговото погребување во Хонг Конг, Линда најавила дека  погреб ќе биде одржан и во Сиетл. Линда дала изјава дека конечно има намера да ги запре сите шпекулации и трачеви за смртта на Ли.

„Јас лично не  сметам никого одговорен за смртта на Брус Ли. Единствено што ми е важно е дека него го нема повеќе и дека никогаш нема да се врати“, изјавила Линда.

Кинеските фанови биле гневни на Линда, затоа што таа се одлучила неговото тело да го префрли во Сиетл и кај нив се јавил сомнеж дека нешто се случува. Биле испратени камермани од Кина на погребот во Сиетл, со цел материјалот да го донесат на медиумите во Хонг Конг. Тоа само ги влошило работите.

Некои од фановите забележале дека ковчегот бил заменет поради техничките проблеми со влагата, за време на превозот. Некои од нив обвинуваат дека телото на Брус Ли било заменето. Посебно бесни биле оние кои верувале дека Брус Ли бил проколнат, а најмногу својот гнев го насочиле кон Бети Тинг Пеи.

„Ми се чинеше како луѓето да сакаа да умрам. И ако тоа продолжи, јас повеќе не сакам да живеам. Брус е мртов. Зошто едноставно тоа не можат да го прифатат“, изјавила Линда за „Чајна стар“.

Кога молбите да се прекине со барањата за вистината за смртта на Брус Ли не дале плод, Линда почнала да се заканува со тужби. Во тој момент работите се влошиле. Набрзо потоа 26-годишната Линда се заклучила во својот стан и не излегла од него долг период. Вели дека само гледала телевизија.

Многу фанови сметале дека таа знае нешто повеќе за смртта на својот сопруг и дека можеби е одговорна и вмешана во целиот случај. Студентите во Куала Лумпур во знак на протест носеле и транспаренти со нејзиното име. Испаднало дека станува збор за измама.

Во Хонг Конг била поставена и бомба на која пишувало дека Бети ги знае деталите за смртта на Брус. Во наредните недели поставени биле уште неколку бомби со порака „Одмазда за Брус Ли“.

Таквата состојба ја загрижила во тој период британската колонијална власт, која стравувала од конфликт со прокомунистичките кинески радикали, кои сакале да ги истераат од земјата. Затоа наредиле детална истрага за смртта на Брус Ли.

Утрото на 20 јули 1973 година Ли напишал писмо до својот американски адвокат Адријан Маршал, околу новиот проект и преговорите за да учествува во новиот филм на Џејмс Бонд „Игра на смртта“. Ли веќе ги имал снимено повеќето сцени од завршницата на филмот.

Требало да се сретне на вечера со Џорџ Лејзенби, тогашниот Џејмс Бонд и продуцентот Рејмонд Чоу. Но, Ли заминал кај глумицата Бети Тинг Пеи и ветил дека на состанокот ќе пристигне подоцна. Актерот заспал и никогаш повторно не се разбудил. Во меѓувреме Бети и Чоу неколку пати ги менувале изјавите за полицијата за смртта на Ли.

Првобитно било кажано дека починал во својот стан, а подоцна верзијата била променета дека неговата смрт е настаната по приемот во болница.

За теоретичарите на заговор, сомнеж се јавува и кај смртта на неговиот син Брендон, кој загинал 20 години подоцна за време на снимањето на еден филм. Брендон е убиен од пиштол кој требало да биде лажен.

 

 

 

Scroll to Top