Кој го уби Тупак? – детективот кој работел на случајот го откри името по 23 години

Грег Кадинг, детективот кој го водел случајот за убиството на легендарниот американски рапер Тупак, по 23 години го открил името на вистинскиот убиец на музичарот. На денот кога Тупак требало да наполни 48 години, детективот споделил непознати детали за смртта на раперот, вклучувајќи го и името на убиецот.

Човекот по име Орландо „Бејби“ Андерсон е убиецот на Тупак изјавил Грег. Тој објаснил дека Орландо го убил раперот во 1996 година од одмазда, откако претходно бил претепан од членовите на бандата на Тупак.

Орландо починал две години подоцна во 1998 година, во престрелка меѓу банди. До тој период тој негирал било каква вмешаност во убиството на Тупак. Никогаш не бил ни обвинет, пренесува „Метро“.

„Андерсон е тип со кој Тупак се тепал таа вечер, а кој подоцна се вратил да се одмазди со својата банда“, изјавил Кадинг за Today Australia.

Детективот смета дека во тоа убиство нема многу мистерии, иако целиот случај го следат голем број на теории на заговор.

„Сите факти и докази укажуваат на една работа. Сите се согласни дека тоа е конечната вистина, за тоа кј стои зад ова убиство“, изјавил Грег.

Претходно се тврдело дека познатиот американски рапер Шон „Диди“ Комбс, му платил на Дуаен Кети, член на една од најозлаглосените банди во САД, „Крипс“, околу милион долари за да го најде убиецот на Шакур.

Во документарниот филм од 2017 година Who shot Biggie & Tupac, полицајците Тим Бенан и Робарт Лад тврдат дека член на „Крипс“ бандата го усмртил Тупак во Лас Вегас во 1996 година.

Во документарецот се поставува и теоријата дека Суџ Кнајт, поранешниот директор на Death Row Recordsa го убил Тупак. Калифорниските полицајци тврдат дека Андерсон го имале на радарот откако тој убил малолетник, како дел од иницијативата на бандата.

Тие и веќе го истражувале поради убиството, кога пукал на раперот. Во „Нетфликс“ серијата Unsolved која ја прикажува смртта на раперот Тупак и Биги Смолс, Џош Духмаел ја игра улогата на детективот Грег. Андерсон е поставен како главен осомничен и како единствено логично објаснување.

 

Scroll to Top