Компании во 21 век ги користат децата за производство на чоколада

Голем број познати светски компании се обвинети за искористувањето на децата и нивниот труд и ропство за да направат дел од производите што секојдневно ги користиме и консумираме.

Чоколадата е еден од примерите за кои малкумина знаат како се произведуваат. Голем број луѓе во период од една година консумираат преку 5 килограми чоколада, но малкумина знаат дека само во септември минатата година била поднесена тужба против компаниите како Harshey, Mars и Nestle.

Во тужбите се тврди дека овие компании финансирале трговија со деца и го искористувале детскиот труд во земјите во западна Африка.

Ваквите тужби претставувале причина за загриженост во индустријата за чоколада, која во последните 15 години на големо ги користи децата како главна алатка во производството на чоколада.

Главните состојки на чоколадата се одгледуваат во западна Африка, а двете најголеми земји каде што се произведуваат се Брегот на Слоновата Коска и Гана, состојки што ги чинат околу 60% од какаото.

Поголемиот дел од какаото се произведува на мали фарми чии земјоделци страдаат од преголема сиромаштија. Овие крајности често резултираат со искористување на децата како робови. Во 2001 година, индустријата за чоколада вети дека до 2005 година ќе се стави крај на ропството во овие две земји. Ваквиот рок во повеќе наврати се пролонгирал. Сега сите се надеваат дека на искористувањето на децата целосно ќе му се стави крај до 2020 година.

Децата се заробени во изолирани фарми во кои работат од 80 до 100 часа секоја недела. Возраста на децата е од 11 до 16 години, но во голем број случаи се забележани и помлади деца како макотрпно работат во нечовечки услови.

Често се тепани и камшикувани, а за тоа најдобро може да се просведочи во филмот „Ропство: Глобална истрага“.

Сите оние кои сакаат да помогнат во спречување на детското ропство треба да ги избришат овие прехранбени компании од листата за набавување продукти.

Hershey, Mars, Nestle, ADM Cocoa, Godiva, Fowler’s Chocolate, Kraft

„Во овој момент, ниту една од споменатите компании кои произведуваат чоколада не може да гарантира дека нивното снабдување не е засегнато од работата на децата”, објаснува Елизабет Жардим, директор за застапување на потрошувачите во „Зелена Америка”, непрофитна организација што промовира етички консумеризам.

И покрај големиот притисок и вестите за тешкото искористување на детскиот труд, бројот на деца кои работат во индустријата за какао од 2009 до 2014 година е пораснат за 51%.

Ова е список на компании што направиле приоритет и се откажале од профитот од производство на суровини направени благодарение на детското ропство.

Giddy Yoyo, Chocosol, Clif Bar, Green and Black’s, Koppers Chocolate, L.A. Burdick Chocolates, Denman Island Chocolate, Gardners Candie, Montezuma’s Chocolates, Newman’s Own Organics, Kailua Candy Company, Omanhene Cocoa Bean Company, Rapunzel Pure Organics, The Endangered Species Chocolate Company, Cloud Nine
 

Scroll to Top