Короната оживеа пеколна теорија на заговор, вирусот е совршено средство за остварување на главната цел „Агендата 21“

Коронавирусот ја оживеа една од најстрашните теории на заговор, „Агенда 21“, која треба да ја спроведат светските влади. Ослободувањето на вирусот е совршено средство за да се спроведе таквата цел, сметаат теоретичарите на заговор.

„Агендата 21“, всушност има за цел да го намали бројот на население во светот, од страна на тоталитарниот светски центар.

Како дел од таа организација тука влегуват и САД, како и бројни влади низ светот. „Агендата 21“ е причина за невидениот пораст на акции и популарноста на теориите на заговор.

Истата се поврзува и со вакцинацијата, Сорос, Бил Гетс и 5Г-мрежата, во уреден спој на параноидни фантазии, пишува српски Курир.

Ваквиот заговор трае уште од 1992 година, а всушност предвидува Нов светски поредок, кој наводно треба да го воспостават злогласните глобални оператори.

Дел од „Агендата 21“ се однесува и на првичниот план на Обединетите Нации, кои треба да се одржи во 2021 година, но истиот е поместен за во 2030 година, тврдат заговорниците. До тој период светот треба да добие една светска влада, која ќе владее со сите нации.

Светот се плаши од една светска валута, една религија (ако воопшто може да има), една војска, без приватна сопственост, семејни единици, задолжителни вакцини, микрочипови за сите, систем на социјално кредитирање, следење со 5Г-мрежа, влада која ќе ги одгледува и воспитува децата и ќе ги контролира сите школи, пишува српски Курир.

Луѓето во тој случај не би можеле да поседуваат автомобили или компании, затоа што со нив ќе иправуваат корпорациите или владите. „Агендата 21“ како што е моментално претставена во социјалните медиуми, на налозите на стотина илјади следбеници, исто така ги напаѓа Универзалните основи приходи и има намера луѓето да ги одвои во посебни зони или човечки населби.

Би ги немале фосилните горива, факт кој не мора нужно да звучи така лошо, но е дел од хиперболичката листа на ужасни работи кои ги напаѓаат еколошките движења и одредени прогресивни сили.

„Се разбира некои делови на заговор можеби и не звучат така премногу вештачки и ја оправдуваат напнатоста на нашите моментални општества и имаат зрно вистина во нив. Но, земено во целина, „Агендата 21“ е збирка на недокажани напади на разумот и вистината, кои екстремисти и главни политичари ја користат за да ги ублажат стравоите и да го угушат рационалното носење на политиките ширум земјите“, се вели во заклучокот на извештајот на Јужна политика за 2014 година.

Како што пренесува „Базфилд Њуз“, Хајди Бејриќ, коавтоката на овој извештај вели дека стравовите растат во крајната десница и дека коронавирусот е некаков вид на заговор, можеби креиран од страна на кинеската влада, други глобални актери, а можеби во неа е вмешани и самиот Џорџ Сорос. Бејриќ вели дка не е за изненадување дека „Агендата 21“ повторно се појавува во таквото опкружување.

Дека не веруваат само необразовани луѓе во ваквите заговори, покажува и фактот што голем број на познати политичари, американски сенатори зборувале јавно за тоа, а сентарите Тед Круз и Глен Бек напишале и книга за тоа. „Агендата 21“ ја има и во некои од официјалните нивни говори.

Во платформата на Републиканската партија од 2012 година, прецизно може да се слушне изјавата „Ние одлучно ја отфрламе американската агенда 21, како ерозивна на американскиот суверенитет“.

Во текот на годините, стравовите од „Агендата 21“, најдоа свој пат да се спротистават на напорите на локалните влади, кои имаа за цел да ја промовираат зашитата на ресурстите и земјиштата или да направат велосипетски патеки за јавен превоз.

Влијанието во реалниот свет, е предизвикано од преголемите реакции на договорот, кој SLPC го опишал како добро чувство, кое не може никого и никаде да примора да направи било што.

Постои доволно плодно земјиште за ширење на таквите идеи, за што сведочи ова објавено писмо на уредникот, кој тврди дека „Агендата 21“, сака светското население да го спушти под 500 милиони. Тоа значи дека околу 7 милијарди луѓе или 90% од луѓето, мора некако да ги снема. А кој е најдобриот начин за тоа, од пандемијата?, пишува Курир.рс.

Резолуцијата на Обединетите Нации од 1992 година, која го родила ова опасно верување, е прилично безизлезна работа и не е достојна за такво внимание. Америка често се сооува со немоќни и неефикасни организација, а тврдењата за такви добри координирани зли нацрти се многу слични. Се разбира, тоа сакаат да го мислите.

Како е објаснето на страницата на Одделението на Обединетите Нации, за целите на одджлив развој, посветени на „Агендата 21“, документот е еден сепфатен план на делување, кој би требало да биде спроведен на сите нивоа, глобално, национално и локални. Тоа ќе предизвика сите организации кои го чинат системот на Обединетите нации како и лидери на нации. Всушност, потписниците на конференцијата на Обединетите нации за животна средина и развој (UNCED) која беше одржана во Рио де Жанеиро, Бразил, од 3 до 14 јуни во 1992, беа вклучени 178 влади.

Договорот исто така требало да се применува широко на главните групи во сите области, каде луѓето влијаат на животната средина. Дезинформациите за „Агенда 21“, можат потенцијално да им наштетат на милиони луѓе, додека целите на самиот документ се однесуваат на управување на различни видови на одпад, здравјето на жените, јавниот превоз и соработката во поглед на одржливоста за стареењето, кое треба да започне на локално ниво за да биде успешно.

Додека пандемијата на коронавирус продолжува да го уништува светот, дивото ширење на теории што ќе спречи некои луѓе да ги преземат потребните мерки на претпазливост, лекови и можни вакцини е само по себе трагично заболување.

Извор/Курир.рс

 

Scroll to Top