Коронавирус: Зошто заразата брзо се шири

Во последните 30 години, бројот на нови вируси во светот е се поголем, а рапидното ширење на болеста, како што е коронавирусот во Кина, во моментов е се позачестена појава. Зошто се случува ова? Некои од теоретичарите на зговор сметаат дека повеќето луѓе на помала површина, значи и зголемен ризик од изложување на патогените кои предизвикуваат болести.

„Иако бројот на заболени надвор од Кина е релативно мал, постои можност да дојде до многу поголема епидемија. Не загрижува напредувањето на вирусот во последните неколку дена, особено во некои земји и особено затоа што истиот се пренесува од човек на човек“, изјавил генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адан Гебрејесус.

Официјалните податоци покажуваат дека инфекцијата се проширила во најмалку уште 16 земји. До 29 јануари потврдени се 7711 случаи на заболени. Бројот на починати од коронавирусот пораснал на 170. Го има во сите региони на Кина.

Овој вирус се пренесува од човек на човек преку кашлање или кивање. Вирусот може да преживее ограничено време, надвор од телото, така што луѓето мораат да бидат многу блиску еден до друг, за да се заразат.

Еболата во 2014 година, се ширела преку крвта и други телесни течности, така што само оние кои имале близок контакт со заболените, можеле да се заразат.

Но, не се прнесуваат сите вируси од човек на човек. Дури ни Зика вирусот, кој се пренесува од комарец на човек.  Зика комарците се појавуваат во урбани средини, каде можат да се хранат со човечка крв. Брзо се размножуваат во густо населени, влажни и топли места. Од 2007 година се повеќе луѓе живеат во градови надвор од нив.

Повеќе од четири милијарди луѓе живеат на еден процент од Земјината површина. А многу градови во кои се доселуваат не се подготвени за нас. Голем број луѓе завршуваат во населби без чиста вода и добра канализациона мрежа, па болестите на овие места исто така брзо се шират.

Луѓето постојано се движат

Авиони, возови и автомобили помагаат вирусите да преминат од еден на друг крај на светот за помалку од еден ден. За само неколку недели, откриени се случаи на коронавирус во 16 земји.. Во 2019 година, авиокомпаниите пренесувале 4,5 милијарди патници. Пред десет години оваа бројка изнесувала само 2,4 милијарди.

Вухан е главна станица на кинеската брза пруга и вирусот се појави во моментите кога земјата се подготвувала за најголеата човечка миграција во историјата. Повеќе од три милијарди патувања се одвивале ширум земјата во периодот за време на кинеската нова година.

До една од најтешките пандемии, заразата на Шпанската грозница, дошло во 1918 година. Епидемијата избила во Европа во време на масовната миграција пред крајот на Првата светска војна.

Војниците се враќале дома и го носеле вирусот со себе. Болеста така се ширела низ цели заедници, затоа што луѓето не развиле отпорност на новиот вирус. Истражувањето спроведено од страна на вирологот Џон Оксфорд наведува дека изворот на вирус би можел да биде камп низ кој секојдневно циркулираат околу 100.000 војници.

Дури и во времето пред авиотранспортот, епидемијата се проширила на сите делови во светот. Од вирусот починале меѓу 50 и 100 милиони луѓе. Сепак на шпанската грозница им било потребно меѓу шест и девет месеци за да се рашири низ светот. Во светот во кој можеме да ја обиколиме целата планета за еден ден, новиот вирус може да се прошири многу побрзо.

Повеќе месо, повеќе животни, повеќе болести

Еболата, Сарс и сега коронавирусот од Вухан се зоонотски вируси, се пренесуваат од животните на луѓето. Новиот коронавирус веројатно потекнува од пазарот во градот Вухан. Претходни извештаи наведуваат дека можеби дови потекло од живи змии. Овие денови, три од четирите новооткриени вируси се зоонотски.

Нашата глобална побарувачка на место е во пораст. Одгледувањето на животните се зголемува во делови од светот кои стануваат побогати и кои развиваат навики на јадење на месо. Вирусите на грип обично доаѓаат до луѓето преку домашните животни. Веројатноста дека заразените животни ќе стапат во контакт со луѓето исто така е во пораст.

Коронавирусите се пренесуваат од животни на луѓе. Живите животни на пазарите се вообичаена појава во густо населените области во Кина. Тоа објаснува зошто последните две епидемии избиваат од ова место.

Исто така, како што градовите се шират, така во руралните области луѓето стапуваат во контакт со дивите животни. Ласа вирусот се раширил на тој начин. Луѓето доаѓале во шумите поради земјоделието, а глувците побарале засолните во нивните домови и со себе го донеле Ласа вирусот.

Едноставно не сме подготвени

Иако светот е поврзан повеќе од порано, сеуште немаме глобален здравствен систем кој би можел да одговори на ваквите закани. За да се спречи ширењето, се ослонуваме на властите на државите во кои вирусот се појавил. Доколу тие потфрлат, целата планета е во ризик.

Тоа никаде не било така очигледно, како што е во Западна Африка, каде избила епидемија на Ебола. Локалните здравствени системи во Гвинеја, Либерија и Сиера Леона, не успеаа да го запрашат ширењето.

Од последиците на ебола починале 11.310 луѓе во Западна Африка. За среќа, во остатокот од светот, овој вирус се ширел со релативно забавено темпо, за разлика од респираторните вируси како коронавирусот, кој се шири се побрзо и побрзо.

Не помага тоа што поголеми се шансите епидемијата на вирусот да избие во сиромашните краеви со слаби здравствени системи. Недостигот на регулација, образование и хигиена, заедно со густото население, дополнително го зголемува ризикот. Во исто време, сите овие држави се соочуваат со одлив на мозоци.

Ги напуштаат најголемите здравствени експерит. Многу мал број на здравствени системи се подготвени да инвестираат во ресурси за сузбивање на епидемијата, која можеби никогаш нема да се случи. Кога се појави свинскиот грип, дојде до недостиг на лекови, но подоцна следеа критики дека реакциите биле претерани и се испоставило дека вирусот бил поприлично благ.

Иако имаме технологија за развивање на лекови кои би можеле да одвратат некои од вирусите, тоа просто не им се исплатува на фармацевските компании. Ако не се изгубат неколку илјади животи, тука нема да има заработка.

Иако знаеме дека ни се закана, во повеќето случаи не можеме да предвидиме кога и каде ќе дојде до избивање на вирусот, така што, истите секогаш може да не фатат неподготвени.

Добри вести

Иако се соочуваме со избивање на епидемија повеќе од кога било претходно, помалку луѓе се разболуваат и умираат од овие болести. Ова го покажуваат податоците од истражувањето на Британската научна академија.

Кога доаѓа до брз економски раст, како што тоа е случај во Кина, основната хигиена и пристап до системот за здравствена заштита се подобрува. Како и комуникациските системи кои делат совети, за тоа како да се избегнат инфекциите.

Лечењата се подобруваат, се повеќе луѓе имаат пристап до нив и превенцијата е се подобра. Вакцините се развиваат многу побрзо. Како системот за глобално реагирање е перфектен, така се подобро реагираме на ваквите ситуации. Држава како Кина може да изгради болница за илјада луѓе во рок од недела дена, а тоа од 1918 година, делувало како научна фантазија.

Scroll to Top