Коронавирусот е лабораториски експеримент, тврди поранешниот шеф на МИ6

Поранешниот шеф на британската тајна известувачка служба МИ6, Ричард Дирлав, изјавил дека коронавирусот е лабораториски експеримент. Тој истакна дека сака да се напраи отворена расправа за потеклото на пандемијата на коронавирусот.

Дирлав предупредува дека не би требало да се отфрли идејата дека вирусот може да потекнува од лабораторија и го изнесе своето убедување дека вирусот кој го предизвика Ковид 19 е конструиран и дека случајно побегнал од лабораторијата во кинескиот град Вухан, каде се идентификувани првите жртви.

Неговото мислење е во спротивност со преовладувачкиот став на научните експерти, како и на американските и британските известувачки служби, дека SARS-CoV-2 коронавирусот не го создал човекот.

Неговите коментари доаѓаат во момент кога тим на научници од Светската здравствена организација (СЗО) се подготвуават оваа недела да отпатуваат во Кина за да го истражат потеклото на болеста која уби повеќе од половина милион луѓе ширум светот.

„Приврзаник сум на теоријата дека вирусот потекнува од Институтот ‘Вухан’ (за вирологија)“, изјавил Дирлав, кој во периодот меѓу 1999 и 2004 година, ја извршуваше функцијата шеф на МИ6.

„Не велам ништо друго, освен дека тоа е последица на несреќа и дека вирусот е резултат на експерименти кои се направени во Вухан, а кој не мислам дека се посебно погрешни“, изјавил Дирлав.

Сепак, широко е прифатено мислењето на научниците дека новиот коронавирус, најверојатно, природно мутирал.

 

Scroll to Top