Коронавирусот има за цел да ја намали популацијата на една милијарда, смета руски полковник

Познатиот аналитичар во рускиот центар за воено-стратешки истражувања при Генералштабот на РФ полковник Владимир Кватков вели дека корнавирусот е вештачки создаден со цел да се намали светската популација на само една милијарда луѓе, кои би биле слуги на елитата.

„Пандемијата не постои. Тоа е глобална стратешка операција. Вежба за командување и контрола од зад сцената, со цел да се добие целосна контрола врз човештвото. Целта е да се намали населението. Според нив, нè има премногу на планетата. Треба да има околу сто милиони слуги и максимум една милијарда жители“, вели Кватков.

Во 16-минутно видео до јавноста упати голем број вознемирувачки тврдења, кои ги нема во официјалните извештаи на Русија. Неговата порака ја нема во светските медиуми, но ја пренесоа неколку алтернативни медиуми.

„Да ги принудиш луѓето да престанат да се движат низ светот укинувајќи им ги политичките слободи, со помош на политички средства, е практично невозможно. Постојат различни устави и луѓето се навикнати на одредени политички права, за кои мислат дека им се вечно загарантирни. Првиот обид да се ограничат политичките права на луѓето се случи на 11 септември 2001 година. Потоа се случи глобалната борба против тероризмот“, вели Кватков.

Кватков смета дека нападите врз Кулите близначки во Њујорк, зградата на Пентагон исто така беше однапред испланирано сценарио.

Тој вели дека коронавирусот и економската криза се неразделно поврзани. Полковникот смета дека вкупниот долг што сега го имаат земјите во светот надминува над еден квадрион и двесте трилиони долари. Според него, само прашање на време е кога овој финансиски меур ќе пукне.

Како резултат на вирусот, Кватков вели дека владите ќе почнат да го затегнуваат ременот. Следува период на пад на светската економија. Рускиот полковник вели дека и самите Кинези признаа дека коронавирусот е вештачки создаден. Тој не негира дека постојат вируси кои мутирале и дека тие се настанати случајно.

„Кинезите се обидоа да го искористат коронавирусот за да добијат некои политички и економски придобивки“, вели Кватков.

Scroll to Top