Коронавирусот мутирал и станал уште позаразен, тврдат американски научници

Низ низа на лабораториски експерименти кои ги спровеле американските истражувачи, било откриено дека коронавирусот еволуирал и станал уште позаразен, пренесува Курир.рс, повикувајќи се на „Си-ен-ен“.

Како што пишува „Си-ен-ен“, група на научници тврдат дека мутацијата влијае на протеинот кој на врусот му овозможува да се пробие во човечките клетки и организам.

Сепак резултатите од нивната студија допрва треба да се потврдат од страна на други претставници во оваа струка, а потребни се и дополнителни истражувања. Но, ако овие тврдења се покажат како точни, тогаш за првпат ќе бидат докажани значителни промени во коронавирусот.

„Во системот на клетките кои сме ги користеле, вирусите со таквата мутација беа многу позаразни од оние кои не мутираа“, изјавила Херјун Чои, вирусолог од истражувачкиот институт „Скрипс“ на Флорида.

Преку мутацијата, вирусот добива многу голем број на надворешни протеински шилци, кои му овозможуваат да дојде и продре во самите клетки, велат американските научници.

Извор/Курир.рс

 

Scroll to Top