Коронавирусот не излегол од лабраторијата во Вухан, светски вирусолог ги негира сите заговори

Познатиот светски вирусолог Алексеј Потекин открива десетици лаги кои се шират по социјалните мрежи за опасниот коронавирус. Тој тврди дека најголемата лага за опасниот вирус е таа дека истиот успеал да се рашири од лабораторијата во Вухан, каде се истражуваат ваквите видови опасни и смртоносни вируси.

Тој вели дека како биолог кој долго време се занимава со вируси и предава на познати Универзитети, смета дека негова должност е да ги предупреди луѓето на шпекулациите кои се шират во јавноста.

Алексеј вели дека коронавирусот не е предизвикан од САРС вирусот, кој изби во 2002 година. Тој смета дека коронавирусот ни одблизу не убива толку луѓе во светот, како што е тоа случај со туберколозата, маларијата и другите болести. Но, ние не ги следиме ни одблиску овие смртни случаи, како што е тоа случај со коронавирусот.

Алексеј смета дека коронавирусот е позаразен од грипот, а помалку од заушките, рубеолата и сипаниците.Вели дека  пандемијата со коронавирусот е многу поблага од она што го претрпеле нашите предци во минатото.

Според него  зборот пандемија е нешто што не треба да не заплашува  и дека тоа е термин кој означува  заболувања кои се откриени ширум светот, а не дека човештвото се соочува со истребување.

Основната цел на карантинот и мерките кои ги превземаат голем број европски и држави во светот е само со цел да се намали бројот на заразени.

Стапката на смртност од коронавирусот е реална. Никој во време на социјалните мрежи не може да го намали или зголеми овој број и да манипулира со бројките. Луѓето чии најблиски настрадале од овој вирус веднаш би контактирале и би си помогнале едни со други.

Покрај тоа, индикаторите за вкупниот број заразени луѓе се потценети затоа што многу луѓе имале асимптоматски реакции на вирусот или не биле во можност да го идентификуваат. Но, сега се откриени.

Овој вирус нема никаква врска со човековиот развој и не побегнал од лабораторијата во Вухан како што сметаат некои теоретичари на заговор.

Како што се расте паниката кај луѓето, лабораториите низ целиот свет се повеќе откриваат нови детали за овој вирус. Алексеј смета дека вирусот настанал како последица на чудната и лоша храна во Кина. Тој смета дека ужасно лошите хигиенски услови на пазарите во Кина, се причина за настанувањето на овој вирус.

Тој тврди дека вирусот се пренел од заразено животно на човекот, како негов нов домаќин и оттука почнал да дејтствува агресивно. Ако еднаш премине една бариера, вирусот за брзо време ќе премине и друга и трета, истовремено прилагодувајќи се на својот нов домаќин.

Ова не е првиот вирус кој потекнува од кинескиот пазар. Алексеј смета дека можеби Кина сега ќе почне да се реорганизира. Алексеј вели дека човештвото има среќа што овој вирус е толку благ.

Алексеј тврди дека коронавирусот нема да исчезне. Карантинот нема да го уништи. Нема лек за тоа, како и повеќето вируси. Вакцината ќе дојде на лето, но масовно вакцинирање нема да има барем до крајот на годината.

Ова е причината зошто поголемиот дел од популацијата е осудена да се разболи од овој вирус. Но, ова е важно затоа што колективниот имунитет е најдобриот лек за заразни болести. Колку повеќе луѓе се разболуваат и добиваат имунитет, толку помалку ќе нови инфекции.

„Не верувајте во гласините за повторни инфекции. Имунитетот мора да се развие на вирусот на корона“, вели Алексеј.

Коронавирусот не личи на вирус на грип. И затоа тој нема да го задржи човештвото во карантин со децении. Новите форми ретко ќе се појават и нема ефикасно да ја надминат имунолошката бариера што се појавува по првата инфекција. Но, за половина година ќе имаме вистинска епидемија.

Постепено, вирусот ќе стане дел од секојдневниот живот и истиот ќе започне да се враќа во нормала. За среќа, децата имаат помали шанси да се разболат од коронавирусот. Малкумина од нас ќе завршат во болница. Од тој мал број, дел ќе умрат. Но, таа бројка нема да биде ни одблиску толкава како што е грипот.

И како што веројатно веќе разбравме, групата на луѓе со висок ризик се оние од 75 години и повеќе, особено со некои придружни заболувања. Од гледна точка на биологијата, ако ги гледаме луѓето како еден од животинските видови, вирусот корона не треба да се смета воопшто како нешто премногу опасно.

Убива луѓе со нарушен имунитет, како и секоја заразна болест и постепено ја намалува популацијата во постарата возрасна група. Дури и пред 100 години, човештвото ќе го сметаше ова како божји акт. Оттука, карантинските мерки се оправдани. Светот нема да пропадне ако останете дома.

Не ја мешајте самоизолацијата со целосен прекин на социјалните активности. Овој вирус не го парализира животот. Нема потреба да купувате годишни резерви на храна во продавниците, тие очигледно нема да бидат затворени и тогаш ќе бидете принудени да фрлате храна, смета Алексеј.

Scroll to Top