Коронавирусот не потекнува од пазарот во Вухан

By

Коронавирусот не потекнува од пазарот во Вухан во Кина, тврдат највисоките кинсеки здравствени експерти. Кина веќе со месеци е во жижата на јавноста поради пандемијата со коронавирусот, за кој се верува дека потекнува од оваа земја и тоа од пазарот во Вухан, пренесува Дејли Мејл.

Но, тамошните официјални лица и здравствени експерти, сега веруваат дека заразата не настанала на пазарот на кој се продавало месо на многу диви животни.

„Прво мислевме дека вирусот настанал на пазарот, но сега убедени сме дека пазарот е само жртва“, изјавил Гао Фу, директорот од Центарот за контрола и превенција на болести.

За потсетување, веднаш откако се појавиле официјални наводи за новата болест, пазарот беше затворен и на него беше означена лентата како за место на злосторот. И понатаму во јавноста постојат голем број теории за тоа од кои животни потекнува коронавирусот и се рашири на луѓето.

Сега Гао објаснува дека вирусите не се забележани во примероците на животните, туку единствено се пронајдени во животната средина, вклучувајќи ја и канализацијата. Освен тоа, тој додава дека вирусот сигурно настанал многу порано, пред да се појави на пазарот во Вухан.

Една студија покажала дека само 27 од првите 41 потврден случај во Кина, бил изложен на пазарот во Вухан, поточно, само 4 случаи во првите две недели се заразиле во декември, кога е обеледенето дека се појавила нова болест. Американски биолози сметаат дека вирусот на пазарот го донел некој, кој веќе бил претходно заразен.

Засега нема причина да се сомневаме во тврдењата на Га Фуа, затоа што не е само водечкиот кинески епидемиолог, туку и член на највисокото совтодавно државно тело, кога е во прашање борбата со коронавирусот.

Сепак, сеуште мораат да се извршат бројни истражувања, за да се утврди како и кога точно настанал новиот корорнавирус.

„Овој вирус повеќе не се однесува како претходните коронавируси“, нагласил Фуа.

Иако Кина, но и експертите од голем број други земји, негираат дека вирусот настанал во лабораторија, Гао истакнува дека стекгнал единствена способност да се адаптира на луѓето. Научниците сметаат дека вирусот еволуирал со мутација за време на трансмисиите меѓу луѓето, по преносот од животните.
За жал, наместо некои работи да ни бидат појасни, бројот на теории за настанувањето и лечењето на коронавирусот, само се зголемува со секое ново истражување, така што можеби ќе помине и година дена, пред да добиеме конкретни одговори.

 

Ќе ви се допадне