Кошаркарка од Романија пронајдена мртва на нејзиниот 18. роденден

Кошаркарката на Романија Алесија Марија Рајкју е пронајдена мртва во нејзиниот дом на 18. роденден. Како што пренесуваат романските медиуми, Алесија била најдена без знаци на живот, а нејзиното тело било однесено на обдукција за да се испита причината за смртта.

Медиумите пренесоа дека на телото не биле најдени никакви знаци на насилство и дека е предадено на Националниот институт за судска медицина.

Младата кошаркарка нема историја на болести кои би можеле да бидат причина за смртта, па полицијата отвори посебно досие.

„Животот на кошаркарката со огромна перспектива заврши прерано. Таа беше една од најталентираните спортистки во генерацијата 2004. За жал, повеќе не е со нас“, објавија од Романскиот кошаркарски сојуз на „Фејсбук“.

„Алесија Марија Рајкју има освоено бројни медали на националните првенства за млади со кошаркарскиот клуб Олимпија Букурешт. Кошаркарскиот сојуз на Романија упати искрено сочувство до семејството.

Scroll to Top