Кошаркарот Мајкл Оџо немал дозвола од лекарот да тренира

By

Претседателот на кошаркарскиот клуб „Црвена звезда“, Небојша Човиќ, изјави дека кошаркарот Мајкл Оџо, кој почина во петокот за време на тренингот во салата „Партизан“ во Белград, не добил дозвола од лекарот да тренира.

„Ние имаме морална обврска да го направиме сето тоа што можеме да го направиме по желба на неговото семејство и агентот. Дојдовме до информации кои лесно може да се проверат. Оџо на крајот на јуни почна да чувствува здравствени проблеми, а набргу се покажа дека има коронавирус. Оџо беше во една клиника, каде што му беше константирано воспаление на десното белодробно крило. Му беше речено да оди на инфективна клиника, но не отиде. Остана во таа приватна клиника. Таму прими терапија, антибиотици и витамини. Следната контрола ја имаше на 13 јули кога повторно имаше скенирање. Тогаш имаше воспаление на левото белодробно крило. Крвната слика, т.е. леукоцитите му беа лоши. Наредниот преглед го имаше на 22 јули. Подоцна е утврдено дека имал антитела на коронавирусот. Оџо не доби налог дка може да тренира, тој доби препорака од докторот за физичка активност со умерен интезитет. Тоа докторите најдобро знаат што значи, а тоа сигурно не значи тренинг, туку шетање дома и во околината. Очигледно Оџо тоа не го почитувал. Повторвам, не добил согласност од докторот и тогаш се случи 7 август“, изјавил Човиќ.

„Неговото семејство бара комплетна информација, а тогаш и нигериската амбасада преку официјална нота го побара тоа. Оџо е врбуван во февруари, мај, и сега пред неговата смрт. Не е некаков ривалитет играчите да ги врбувате во февруари кога немаше пандемија и кога играчот има активен договор. Секој играч што доаѓа на индивидуални тренинзи мора да донесе доказ дека е здрав. Не е нормално некој да дојде на тренинг, без таква потврда. Ако Оџо не донел таква потврда, никој не смеел со него да работи. Ќе почекаме да видиме дали ќе биде направена обдукција. Сега, веројатно, следува постхумно тестирање на Ковид-19, а ако се утврди дека бил заразен, тогаш веројатно нема да биде направена обдукција“, изјавил Небојша.

 

 

Ќе ви се допадне