Лага е дека од грипот повеќе се умира, коронавирусот веќе однесе 800.000 животи

Коронавирусот е болест шот е многу посериозна од грипот, а теоретичарите на заговор ги отежнуваат борбата и спроведувањето на мерките за превенција, кои засега се единствената сигурна заштита од овој вирус, вели пулмологот доктор Татјана Радосављевиќ.

Иако на интернетот и на социјалните мрежи во последно време кружат теории на заговор дека коронавирусот е една небаре безначајна респираторна инфекција, како и дека повеќе луѓе починале од сезонски грип отколку од Ковид-19, официјалните податоци велат поинаку.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), од сезонскиот грип на планетата во просек годишно починале 650.000 луѓе, а од Ковид-19, за само осум месеци, и тоа со сите преземени мерки, биле згаснати повеќе од 813.410 животи.

Генералниот директор на СЗО, доктор Тедрос Аданом Гебрејесус, од претходно предупреди дека стапката на смртност од коронавирусот може да дојде и до 3,4 %, што е далеку повеќе отколку кај сезонскиот грип.

„Овој коронавирус не е САРС, не е МЕРС, не е грип. Тоа е единствен вирус со единствени карактеристики. За сезонскиот грип постојат вакцини и конкретни медицински третмани, што не е случај со новиот вирус, па поради тоа тој и не може да се третира како грип“, предупреди Тедрос уште во март.

Пулмологот доктор Татјана Радослављевиќ ја објаснува разликата меѓу грипот и короната и ја спореди со пилешко и врана и нагласува дека суштината е во тоа што Ковид-19 е многу сериозна болест со системски карактери, која, покрај белите дробови, може да ги зафати и срцето, мозокот, бубрезите и другите органи.

„Инфекцијата со Ковид-19 е целосно нова болест и е предизвикана од целосно непознат вирус, кој има природно потекло и кој за време на целата пандемија лекарите во светот се среќаваат со досега невидени промени во телата на пациентите. Оваа болест е многу посериозна од грипот и не може да се спореди со него токму поради тоа. Во последно време се покажало дека никој, ниту младите ниту старите, не се заштитени од ова заболување. Ефикасна вакцина засега не постои, а шведскиот модел, кој беше направен за да се создаде колективен имунитет, се покажа неефикасен“, вели доктор Радослављевиќ и додава.

„Затоа, мерките за превенција се клучни и неопходни. Тоа се носењето маски, одржувањето физичко растојание, миењето раце и избегнувањето масовни собири. Има луѓе што тврдат дека коронавирусот не постои, но тоа го зборуваат додека не се разболат и самите или додека не заболи некој нивен бизок. Интернетот во последно време е преплавен со разни теории на заговор, па, покрај антиваксерите, се појавија сега и т.н. антимаскери, што е страшно. Таквите теории ни ја отежнуваат работата за да го спроведеме она што единствено е делотворно и што го имаме засега, а тоа се мерките за превенција, без кои би заболеле или потенцијално би починале значителен голем број луѓе“, вели таа.

Уште не почетокот на пандемијата СЗО предупреди на опасна инфодемија.

„Појавувањето на коронавирусот и одговорот на него се следени со голема инфодемија, односно вишок информации, од кои некои се исправни, а некои не. Тоа им ги отежнува на луѓето патот и потрагата по веродостојни извори и сигурни толкувања, кои им се потребни“, е наведено во извештајот на СЗО во февруари.

Најчестите митови за коронавирусот

Коронавирусот се шири преку 5Г-технолошката мрежа и затоа има најголем број починати и заболени на местата каде што е инсталирана и напредувала оваа технологија.

Вирусот е создаден од милијардерот и филантроп Бил Гејтс со желба да им вгради на луѓето микрочипови преку вакцините за да може полесно да ги контролира.

Ковид-19 е направен во лабораторија од страна на Кинезите со цел да ги ослабат Америка и Европа.

Американците го измислиле вирусот за да ги уништат Кина и Русија и да ја ослабат Европа.

Тајните друштва го измислиле вирусот со цел да ги укинат граѓанските права и да ја ослабат економијата во светот. На тој начин ќе воспостават свој авторитарен нов светски поредок.

Коронавирусот воопшто не постои. Тој е измислен за да се укине готовинското плаќање.

 

Scroll to Top