Легендарниот француски ракометар и бивши светски шампион осуден за педофилија

Легендарниот француски ракометар Бруно Мартини е осуден за педофилија, пренесоа француските медиуми. Францускиот суд го осуди со парична казна од 2500 евра и условна од една година и во наредните пет години да не смее да се доближува до ниту една работа што има врска со малолетници.

Мартини пред француските медиуми зборуваше за својата депресија која на некој начин рече дека му била поттик за проблемите кои ги имал во изминатите месеци.

„Се започна со ковидот. Можев да потонам во насилство, алкохол и дрога, но не го сторив тоа. Го избрав сексот. Правев работи кои не беа типични за мене. Иако сум хетеросексуалец, се препуштав на хомосексуални искуства. Да бев педофил, ќе одев на ТикТок, каде што се младите и од каде доаѓаат педофилите, како што ми објасни еден полицаец. Но, не на Snapchat, каде се возрасните“, рече тој.

Мартини признал дека поканил 13-годишен малолетник во својот дом, откако со него на интернет разменил фотографии од сексуална природа. Но, тогаш не знаел дека е малолетник.

„Детето ме контактираше на Snapchat некаде во мај или јуни 2020 година. Јас не го барав, а кога дознав дека е 13-годишен останав запрепастен. Се засрамив. Полицијата дојде и ми го пребара станот во кој живеев со сопругата и ќерката и ми го земаа компјутерот“, додаде тој.

Мартини рече дека во себе е сигурен дека не е педофил.

„Иако знам дека изгледа како изговор, сакам да го кажам ова јасно и гласно. Мојот живот стана поле на урнатини за кој нема рехабилитација. Ако го напишете моето име на интернет, дали мислите дека првото нешто што ќе се појави е Бруно Мартини, двократен светски шампион во ракомет. Не, тоа нема да биде приказната. И еден ден кога внуците ќе ме прашаат што сум направил во животот, ќе морам да им кажам дека сум се изложил на 13-годишно дете. Тоа е страшно“, додаде тој.

Чувството на вина го навело, вели, на признанието, а тоа е „социјално самоубиство“.

„Би можел физички да се самоубијам. Не знам што е подобро. Она што е сигурно е дека мојот живот заврши на 23 јануари 2023 година“, рече Мартини.

Scroll to Top