Лекар кој открил дека вакцините предизвикуваат аутизам најден мртов во река

Истакнатиот истражувач на аутизмот и противник на вакцините, Џејмс Џефери Брадстрит, е пронајден мртов, а неговото тело било забележано како плови во река во Северна Каролина.

Полицијата соопштила дека неговото убиство е направено под сомнителни околности. Телото прв го забележал рибарот Роки Боад, кој изјавил дека забележал прострелни рани на прстите.

Полицијата и покрај тоа што се сомневала дека станува збор за убиство, истражителите на крајот случајот го затвориле заклучувајќи дека Џејмс извршил самоубиство.

Семејството на Џејмс не верува во ваков епилог и финансирало сопствена истрага. Тие не веруваат дека Џејмс се убил и се сомневаат дека станува збор за заговор и смислена акција финансирана од фармацевтската индустрија.

Д-р Брадстрит водел приватна клиника во Буфорд, во Џорџија, каде што лекувал деца со аутизам, но и други невролошки и развојни нарушувања.

Меѓу разните третмани во неговата клиника, особено се занимавал со третман на чистење на детскиот организам од токсични супстанции за кои се сметало дека се главната причина за појавата на аутизам уште во раното детство.

Џејмс одлучил да се бори против индустријата за вакцини кога и самиот бил сведок на случајот со своето дете кое заболело од аутизам непосредно по вакцинацијата. За оваа вакцина Џејмс тврдел дека содржи жива.

„Од случаите со аутизам со кои се соочив во медицината научив многу повеќе од сите медицинските училишта што ги завршив“, изјавил Џејмс за време на лекарска конференција.

Џејмс својот живот го посветил на вакцините и се понудил како сведок во одбрана на многубројни семејства чии деца биле загрозени од вакцинацијата.

Џејмс бил и основач и претседател на меѓународен истражувачки центар, кој се занимавал со развојот и здравјето  на децата. Овој центар јавно и отворено ги критикувал наместените студии финансирани од властите, кои наводно потврдувале дека вакцините не предизвикуваат аутизам.

Пред да биде пронајден мртов во реката американските медиуми пренеле во јавноста дека властите и големи моќни фармацевтски компании правеле сè во обидот да го дискредитираат.

Scroll to Top